Published: Tuesday, April 28, 2026 19:42
Македонската ракометна селекција го освои златниот медал на Светското училишно првенство што изминативе денови се одржа во Скопје.
Македонските кадети во финалето попладнево ја совладаа репрезентацијата на Израел со 38:32.
Македонскиот тим предводен од селекторот Горан Кузманоски имаше водство во текот на целиот натпревар, а на полувреме беше 20:14.
Во вториот дел противникот намали на два негатива, но македонските кадети не дозволија пресврт.




