Церемонија на подигнување на знамето на Северна Македонија ќе се одржи попладнево (15 ч.) пред седиштето на НАТО во Брисел со што ќе се означи пристапувањето на земјава во Северноатлантската алијанса.
Церемонија на подигнување на македонското знамето истовремено ќе се одржи пред седиштето на Здружената команда за операции (Shape – Mons) и во седиштето на Здружената команда на НАТО за трансформации во Норфолк, Вирџинија.
Најавено е кусо обраќање и на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и претставник на Делегацијата на Северна Македонија во НАТО. Настанот во седиштето на НАТО ќе биде емитуван во живо на веб страницата на НАТО.