Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макпетрол го тужи професорот Александар Климоски за клевета

2
By Нова ТВ on August 15, 2016 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 15, 2016 16:33
Макпетрол,  поднесе тужба против Климоски за клевета. Правните застапници процениле дека Климовски изнел невистинити тврдења што нанесуваат огромна штета на компанијата и на угледот стекнуван и граден повеќе десетлетија, објави Телма.
Во истото интервју, наводно реагирајќи на непрофесионален однос нс МАкпетрол и на Телма, Климовски, несоодветно на неговиот професорски ангажман упатува директни закани кон Комисијата до хартии од вредност, заплашувајќи со наводна можност за кривична одговорност на нејзините членови, затоа што побарале изјава за одлуката за преземање од физичко лице, кое се јавува како основач на друштво кое ја основа Балкан  Петролеум. Климовски вели:

Во случајот Макпетрол-Балкан петролеум може да зборуваме и за кривична одговорност на државните институции. КХВ има право да бара одлука за преземање од преземачот правно лице, во случајов Балкан петролеум лимитед, донесена од собирот на содружниците, а верификувана од управителот на тоа друштво. Барањето на Комисијата за хартии од вредност за изјава од физичкото лице кое е основач на друштвото кое се јавува како основач на Балкан петролеум е надвор од Зaконот за  акционерски друштва и претставува однесување кое навлегува во злоупотеба на нејзината положба и овластувања.

Ваквата изјава на професорот Климовски за правниците отвора неколку прашања. Не се знае од каде професорот е информиран какви документи барала Комисијата за хартии од вредност, кога тој податок никаде не е објавен и од кого и како ги добил.
Според биографијата објавена на интернет страницат на Правниот факултет Климовски предава право на друштвата во прв циклус, корпоративно и деловно право на мастер студиите и е акредитиран ментор по деловно право во трет циклус студии. Токму поради ова познавачите велат дека покажува основно непознавање и на домашното и на меѓународното право како што е Англискиот Компаниски закон од 2006 година, според кој во Лондон е регистрирана Балкан Петролеум  во Лондон. Професорот, велат познавачите, морал да знае дека и според овој закон и според македонскиот Закон за трговски друштва, нема ништо спорно во одлуката на Комисијата. Изјавата за преземање морала да биде донесена од единствениот содружник и основач на Балкан Петртолеум, а тоа е компанијата Даволија од Кипар.
Кога поединци, како професорот Александар Климовски се закануваат со кривична одговорност за комисијата за хартии од вредност, истите извори коментираат дека може да се зборува за потенцијално директно или интиректно вршење на кривични дела на присилба, изнуда и за што и самите може да одговараат.
Балкан Петролеум Макпетрол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.