Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макпетрол-конфронтација меѓу Владата и Европската енергетска заедница?

0
By Нова ТВ on August 18, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 18, 2016 11:35

Неколкуте владини институции до кои Европската енергетска заедница со седиште во Виена испрати писмо со барање за одговори на отворените прашања околу обидот за преземање на Макпетрол, и натаму не комуницираат со ЕЕЗ. Иако рокот за одговор истече уште на 1 август, Министерството за економија, Регулаторната комисија за енергетика и Комисијата за заштита на конкуренцијата сè уште го игнорираат писмото од ЕЕЗ, пишува порталот А1ОН.

Што е Европската енергетска заедница и зошто таа е важна за Македонија?

Европската енергетска заедница е организација основана на иницијатива на Европската унија, чија цел е проширување на европските енергетски политики во Југоисточна Европа и Црноморскиот регион. Македонија е земја-потписничка на Договорот за основање на Заедницата и нејзина членка од основањето во 2005 година. Земјава беше и претседавач со Заедницата во 2010 година. ЕЕЗ во изминатите десетина години ги надгледуваше процесите на усогласување на енергетските закони со европските регулативи во сите земји во регионот. Европската комисија има постојано потпретседателсто место во оваа организација. Секоја земја која има аспирации да стане членка на Европската унија, мора да работи заедно со ЕЕЗ, за да се обезбеди потполна усогласеност со европските директиви во важниот енергетски сектор. Непочитувањето на преземените обврски во ЕЕЗ може да повлече низа европски мерки и санкции против конкретната земја.

Владата и ЕЕЗ – долга историја на конфронтации

Владиното игнорирање на прашањата од Европската енергетска заедница околу обидот за преземање на Макпетрол може да биде повод за уште една конфронтација меѓу актуелната власт и оваа организација, од која последиците ќе ги чувствуваат сите граѓани, сметаат експертите.  Во изминатите десет години, во кои нашето енергетско законодавство мораше да се усогласува со европското, Владата повеќепати дојде во судир со Европската енергетска заедница околу клучни аспекти од енергетскиот сектор.

Во еден од овие случаи беше вмешан и Макпетрол – во 2012 година Владата се обиде да и ја одземе лиценцата за транспорт на гас на компанијата ГА-МА (во која Макпетрол и државата имаат по 50% од акциите) и да и ја додели на новоформираната државна компанија „Македонски енергетски ресурси“. Овој потег на власта тогаш беше директно спречен од Европската енергетска заедница, која реагираше на обидот на ГА-МА да и се одземе постоечката гасоводна мрежа.

Во 2009 година, пак, кога се носеа измените во Законот за енергетика, ЕЕЗ беше вклучена во процесот и повеќепати интеревенираше и спречи донесување на одредби кои се спротивни на европските енергетски регулативи.

Последните реакции од Заедницата на владините енергетски политики дојдоа во април минатата година, кога директорот на Секретаријатот на ЕЕЗ, Јанез Копач упати остри критики до Владата за процесот на либерализација на енергетскиот пазар во земјава.

„Одлуката на Македонија да го одложи целосното отворање на пазарот на електрична енергија, а со тоа да ги спречи потрошувачите да си го изберат снабдувачот, е уште една манифестација на владината смислена политика на систематско одбивање да ги прифати обврските на земјата кои произлегуваат од Договорот за Европска енергетска заедница, а со тоа и на европските закони. Проблемите во енергетскиот сектор се огледало на другите проблеми во земјата – растечкото политизирање на државните институции и драматично влошената политичка ситуација. Сведоци сме на растечка изолација на земјата од меѓународната заедница“, изјави Јанез Копач во април лани.

Какви би биле последиците од нарушувањето на односите со ЕЕЗ?

Случајот „Макпетрол“ и важноста на оваа компанија за пазарот на нафтени деривати во земјава, но и во регионот, според експертите, ќе биде клучен во односите меѓу Македонија и Европската енергетска заедница во следниот период. Ова го потврдуваат и од ЕЕЗ, од каде потенцираат дека владата ќе мора да одговори на отворените прашања.

„Макпетрол е важен играч на пазарот со гас и горива во Република Македонија. Тоа значи дека безбедноста на снабдувањето е потенцијално загрозена заради ваквото преземање, а сигурноста во снабдувањето е нешто за што Енергетската заедница мора да се грижи. Мора да знаеме од каде доаѓа таа компанија, што работи и кој стои зад таа компанија. Се разбира, колку помалку знаеме за тоа, поголеми се сомнежите дека нешто се крие“, изјави вчера во разговор за Телма Дирк Бушле, потпретседателот на Секретаријатот на европската енергетска заедница.

Во секој случај, последиците од владиното игнорирање на ЕЕЗ би ги почувствувале сите граѓани. Во 2014 година, ЕЕЗ изрече санкции кон Босна и Херцеговина –  на една година ја запре финансиската помош од десетици милиони евра за повеќе енергетски проекти, поради непочитување на обврските на земјата од Договорот за пристапување. Можните долгорочни последици од непочитувањето на обврските кон ЕЕЗ, пак, се уште посериозни, затоа што игнорирањето на овие обврски може да ги загрози европските перспективи на Македонија, сметаат експертите.

Макпетрол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.