Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Макпетрол“ со поддршка за зголемената акциза на нафтата, но и со прашања до Владата

0
By Нова ТВ on April 21, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поддршка на владината одлука за покачување на акцизата на нафтените деривати, како една од пакетот антикризни мерки за стабилизирање на буџетот на државата, изразија од нафтената компанија „Макпетрол“.

„Во овие моменти е потребно секоја индустрија да излезе со поддршка за спасување на економијата. Сметаме дека секој треба да покаже солидарност и да преземе дел од товарот и помогне за справување со кризата што нè засега сите. Но, институциите и Владата должат објаснување. Што покажуваат анализите и бројките на предлогот за зголемување и изедначување на акцизата на екстра лесното гориво и дизелот? – Додека државните институции имаат проценки дека со изигрување на сегашната правна рамка на пазарот како гориво за транспорт завршуваат околу 50 милиони литри екстра лесно гориво за греење, државата не презема мерки за сузбивање на сивата економија“ се нагласува во соопштението на нафтениот гигант.

Статистиката, според „Макпетрол“ покажува дека годишно се увезуваат 55 милиони екстра лесно гориво, а реалната потрошувачка е 5 милиони.

„Вишок остануваат 50 милиони од ова гориво. Државата губи по повеќе од 11 денари од литар екстра лесно гориво што се користи за транспорт. На кого во државата му одговара криминалот со „црвената нафта“? – Зошто сè уште масовно се троши екстра лесно гориво кога е завршена грејната сезона? – Зошто државата ја дозволува сивата економија?“, прашуваат од „Макпетрол“.

Злоупотребата на екстра лесното гориво, според компанијата, прави штета на буџетот на државата, на животната средина и на конкуренцијата. Екстра лесното гориво содржи 100 пати повеќе сулфур од обичниот дизел и е сто пати поголем загадувач, нагласуваат од „Макпетрол“.

„Државата има механизми и мора да ги користи во насока на заштита на потрошувачите од измами на пазарот, од нелојална конкуренција и на животната средина од несовесни загадувачи. Голем дел од земјите во регионот го имаат регулирано пазарот со екстра лесното, додека во Европската Унија, голем дел од земјите одамна го исфрлија од употреба екстра лесното гориво. Дадените препораки на Република Северна Македонија од Светска банка за транзиција кон почисти горива и забрана на горива во висока емисија на сулфур (екстра лесно гориво) не се почитуваат“, велат од нафтената компанија.

„Макпетрол“ уште еднаш апелира до Владата и до сите државни институции за посериозен пристап кон предлогот за израмнување на акцизата на екстра лесното гориво со дизелот, а не да ги штити криминалот и злоупотребите со ова гориво. Во спротивно, „Макпетрол“ АД, како одговорна компанија и водечка сила во енергетскиот систем на нашата држава која работи и се стреми кон законито функционирање ќе ги запознае релевантните меѓународни институции, Светската банка за транзиција и Европската енергетска заедница за ова.

акциза Влада Макпетрол нафта уредба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.