Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрадули тврди: Нема загадување во Гази Баба, покажале контролите

0
By Нова ТВ on August 22, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
Фото: О2 Коалиција за чист воздух
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државниот инсекторат за животна средина по добиените дојави и информации за испуштање на емисии во воздух во општина Гази Баба изврши неколку вонредни инспекциски надзори при што не констатира загадување.

– При извршениот инспекциски надзор во правниот субјект Макстил АД Скопје на 15 август е констатирано дека погонот Челичарница  е ставен во производствен режим на 10 август. На барање на инспекторот презентирани се резултати од извршените мерења од нова, филтер постројка, како и од мерната станица поставена во кригот на детската градинка во населба Железара. Резултатите од измерените вредности на ПМ10 честички се во рамки на граничните вредности, соопшти Инспекторатот.

Дека нема видливи емисии во воздухот е констатирано и при визулениот надзор во кругот на поранешната Железара Скопје на 16 август.

На 20 август повторно е направен вонреден инспекциски надзор  во кругот на поранешна железара при што се посетени сите инсталации кои подлежат под А интегрирана еколошка дозвола. Констатирано е дека Макстил АД Скопје не работи од 23:46 часот на 18 август. Побарано е да се приложат резултатите од дневните извештаи за амбиентален воздух од мерната станица во дворот на градинката за периодот од 1 август до 20 август годинава и е констатирано во записник дека за тој период нема надминување на дозволената концентрација на ПМ10.

– Дента согласно добиен и информации за испуштање на емисии во воздухот направен е вонреден инспекциски надзор во инсталацијата на субјектот Рад-Ком Скопје за топење набакар,лиење и производство набакарна жица при што не сенајдени траги однод работње напечката во последно време. Одговорното лице изјавило дека инсталацијата воопшто не е пуштена во производство со исклучок на 2014 година при постапката за добивање А-ИСКЗ дозволата, посочуваат од Инспекторатот.

Посетени биле и останатите правни субјекти кои подлежат под А-интегрирана еколошка дозвола при што било констатирано дека во моментот не работеле асфалтните бази на Улици и патишта и Бауер БГ ДОО Скопје, Скопски легури не работи од 2008 година, а работеле Елем енергетика, Технички гасови и Арцелор Митал, но не биле забележани видливи емисии во воздухот.

Единствено Инспекторатот  констатирал зголемени емисии во воздухот на 11 мај годинава кога беше пријавен пожар во Макстил АД Скопје во погонот Челичарница во делот за старо железо. Пожарот настанал на 10 мај во 21:20 часот, а бил изгаснат на 11 мај во 22:00 часот. За овој настан на Макстил АД Скопје му е изречена прекршочна мерка со одлука за плаќање глоба во износ од 2.700 евра, која се намалува за 50 отсто доколку се плати во законскиот рок.

Фотографии за чад кај Железара

Демократската обвнова на Македонија (ДОМ) во неделата јавно му се обрати на Државниот инспекторат за животна средина, со прашањето: Зошто дозволува Гази Баба да се труе веќе десетина дена со повеќе од 400 ПМ10 честички?

Од ДОМ истакнуваат дека градскиот инспекторат на терен утврдил дека најверојатен извор на загадување претставува стопански субјект во рамките на поранешна Железара, кој работи со А-интегрирана дозвола, а информацијата е јавно достапна со илустрација.

Фото: О2 Коалиција за чист воздух

Од партијата посочија на фотографии што се појавиле на социјалните мрежи од граѓани и здруженија за чист воздух, на кои се гледа чад од субјект кај Железара.

 

Гази Баба ДИЖС ДОМ Загадување Макрадули
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.