Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрон бара истрага за шпионскиот софтвер „Пегаз“

0
By НОВА ТВ on July 21, 2021 СВЕТ
Фото: france24.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска побара серија истраги за случајот со шпионскиот софтвер „Пегаз“, информира денеска премиерот Жан Кастекс за францускиот ТВ канал ТФ1. Францускиот дневен весник „Ле Монд“, но и британскиот „Гардиан“ објавија дека телефонот на Макрон е на списокот на мароканска разузнавачка агенција, за да се изврши надзор со помош на шпионскиот софтвер „Пегаз“.

Според информациите, телефонските броеви на претседателот, како и на тогашниот премиер Едуард Филип и на уште 14 министри биле избрани за можен надзор со шпионскиот софтвер.

Француското претседателство соопшти дека доколку откритијата за телефонот на Макрон се вистина, тоа би била многу сериозна ситуација и надлежните органи ќе испитаат се за да го расветлат случајот, се наведува во извештајот.

Илјадниците следени лица ширум светот биле шпионирани од влади на различни земји користејќи ги нивните Ајфони или Андроид телефони. Истражувањето на „Гардијан“, „Вашингтон пост“, „Ле Монд“ и 16 други медиуми откри дека шпионскиот софтвер „Пегаз“ на НСО Груп може да ја вклучи камерата или микрофонот на телефонот и да украде податоци од апаратот без знаење на сопственикот.

„Пегаз“ може да се инсталира од далечина без да треба да се наведува корисникот да го преземе, а откако ќе се вклучи, телефонот ефикасно се шпионира. Може да обезбеди пристап до апликации како што се „WhatsApp“, „Telegram“ и „Signal“, е-пошта, текстуални пораки, „GPS“ податоци и списокот со контакти на телефонот. „Пегаз“ им овозможува на оние што ја следат целта не само да го следат објектот и да откриваат со кого разговара и за што, туку и да имаат пристап до компромитирачки слики и информации со кои можат да уценуваат или малтретираат.

Макрон бил шпиониран преку „Пегаз“, тој не е таргет – тврдат креаторите на софтверот

Макрон Пегаз шпионски софтвер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.