Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрон: Повторно ќе ја изградиме Нотр Дам, тоа е наша судбина

0
By Нова ТВ on April 16, 2019 СВЕТ
Фото: twitter
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 16, 2019 01:08

Спасена е конструкцијата на катедралата „Нотр Дам“ во Париз која вечерва ја зафати стравичен пожар. Пожарникарите сè уште се борат со огнената стихија која го проголта целиот кров, но порачаа дека ќе останат цела ноќ во обид да спасат колку што можат повеќе од средновековното здание. Во меѓувреме се огласи и француското обвинителство со соопштение во кое нагласи дека не станува збор за кривично дело.

Во гаснење на пожарот учествуваат над 400 пожарникари, соопшти париската пожарникарска служба. Притоа додаде дека пламените јазли се тешки за гасење, а интервенција од воздух не доаѓа во предвид бидејќи постои опасност од уривање на конструкцијата.

„Може да кажеме дека конструкцијата на Нотр Дам е спасена во целост“, изјави командирот на противпожарната бригада на Париз, Жан Клод Гале.

Градските власти наведоа дека во тек е посебна мисија за спасување на вредните уметнички дела во катедралата.

„Се гори. Гори надворешниот дел од конструкцијата што датира од 19 век од едната страна и од 13 век од другата страна. Ништо нема да остане“, изјави Андре Фино, портпаролот на катедралата.

Француското обвинителство порача дека, според прелиминарната истрага, зад пожарот не стои кривично дело и дека најверојатно избил случајно.

„Си-Ен-Ен“ пренесува дека причината за појава на огнот може да биде поврзана со реновирањето на „Нотр Дам“.

Полицијата апелира до граѓаните да го избегнуваат подрачјето околу катедралата и на тој да олеснат пристап на итните служби. Соседните згради се евакуирани, но пожарникарите, сепак, не успеаја да спречат ширење на стихијата.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го откажа обраќањето до нацијата и преку Твитер порача дека е тажен од глетката што ја опиша со израз „како да гори дел од нас“.

„Нотр Дам во Париз е во пламен. Сочувство со целата нација. Моите мисли се насочени до сите католици и Французи. Како сите наши сонародници, ноќва сум тажен додека гледам како гори дел од нас. Но, свечено може да кажам дека со заеднички сили повторно ќе ја изградиме катедралата. Тоа е наша судбина и наш проект за наредните години. Французите го очекуваат тоа од нас, историјата го бара тоа од нас, тоа е наша судбина“, напиша Макрон.

Католичката црква во Франција во минатата година упати итен апел за прибирање на финансиски средства за спас на катедралата која почна да се распаѓа.

Изградбата на Нотр Дам почна во 1163 година. Објектот во готски стил се наоѓа во четвртиот арондисман во Париз, поточно, во срцето на француската престолнина крај реката Сена. Катедралата е еден од симболите на Париз што годишно го посетуваат 13 милиони туристи.

Познатиот француски писател Виктор Иго го овековечи Нотр Дам во романот „Зонарот на Богородичната црква во Париз“ од 1831 и прикзаната за звонарот Квазимодо. Нотр Дам е најпозната катедрала во Франција по оние во Рен, во Стразбур, во Шартр, во Буве и во Амиен.

Катедрала Нотр Дам Париз пожар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.