Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избран нов државен ревизор: Максим Ацевски едногласно помина во Собрание

0
By Нова ТВ on December 12, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 12, 2019 17:03

Собранието на денешната седница го избра Максим Ацевски за главен државен ревизор по предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Одлуката за изборот на Ацевски беше донесена едногласно со 81 глас „за“. По изборот главниот државен ревизор положи свечена заклетва пред Собранието.

Ацевски е дипломиран економист од Велес. Во Државниот завод за ревизија е од 2001 година до денес. Често пати во медиумските настапи зборувал за потребата од зајакнување на капацитетите на Државниот завод за ревизија, но и за односот на надлежните институции кон неправилностите што ги регистрираат ревизорите.

Кон крајот на 2017 година истече мандатот на Тања Таневска, а во изминативе неполни две години со ДЗР раководеше заменикот на главниот државен ревизор, Насер Адеми, но неговиот мандат во траење од 9 години, истече на 4 октомври, без да биде назначен овластен потписник. Поради ова фунционирањето на институцијата беше доведено во прашање.

Лилјана Кузмановска, рече дека пратениците ов ВМРО-ДПМНЕ ќе дадат поддршка за неговиот избор, бидејќи тој доаѓа од редот на ревизорите. Изборот на главен државен ревизор е многу важен, бидејќи, како што потенцира, Државниот завод за ревизија е еден од клучните сегменти во контролата на трошење народни пари.

На 6-ти овој месец, едногласно беше донесена одлуката на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата Ацевски да му биде предложен на Собранието за избор за главен државен ревизор. Комисијата заклучи дека е потребно да се комлетира оваа институција пред изборите, со цел да може да си ги врши своите законски и уставни надлежности.

Собранието на Република Северна Македонија денеска, исто така, го именуваше Крсте Шајновски за претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.

За предлогот не гласаше пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека со неговите активности покажал дека е партиски кадар на СДСМ, а не професионалец.

Државен завод за ревизија Максим Ацевски Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.