Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маљас: За ситуацијата во Северна Македонија одговорност имаат и некои држави од ЕУ

0
By НОВА ТВ Balaban on November 9, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: sloveniatimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 9, 2021 14:07

Но, она што можам да го кажам со голема доза на сигурност, бидејќи бев амбасадор во Скопје, е дека сите албански партии како услов за соработка со ВМРО и со ДУИ на Ахмети, ќе го постават нераскинувањето на Договорот од Преспа. Спроведувањето ќе биде проблематично, истакна Маљас за „Скај“.

Постои одговорност и кај конкретни држави од Европската Унија, вели поранешниот амбасадор на Грција во Скопје Александрос Маљас за грчката телевизија „Скај“, анализирајќи ги случувањата кај нас и објасни дека актуелната ситуација се должи и на неуспехот на некои земји од ЕУ да дадат зелено светло за пристапни преговри, јави дописничката на МИА од Атина.

– Се наоѓаме во фаза, која би рекол дека беше предвидлива, по неуспехот на некои земји членки на Европската унија да „дадат зелено светло“ за пристапните преговори, кои беа еден од многу силните мотиви за потпишување на Договорот од Преспа и секако за ратификацијата од Собранието во Скопје.  Дозволете ми да кажам дека постои одговорност на конкретни држави од Европската Унија, рече Маљас.

За гласањето недоверба на Владата во четврток, искусниот амбасадор објасни дека не е во позиција да го предвиди исходот и „како ќе гласаат пратениците од албанските партии“.

– Но, она што можам да го кажам со голема доза на сигурност, бидејќи бев амбасадор во Скопје, е дека сите албански партии како услов за соработка со ВМРО и со ДУИ на Ахмети, ќе го постават нераскинувањето на Договорот од Преспа. Спроведувањето ќе биде проблематично, истакна Маљас за „Скај“.

Во однос на Договорот од Преспа, објасни дека има две особености, едната е дека важи засекогаш, односно на неодредено време и втората е дека никој не може да го раскине.

Одговарајќи на прашањето што ќе се случи доколку новата Влада е од ВМРО-ДПМНЕ и штом не може да го раскине договорот, едноставно да не го почитува, Маљас објасни дека „терапијата за прекршувањето на договорот е многу нецелосна“ и постојат три нивоа што би следеле.

-Што вели Договорот од Преспа? Прво Атина ја информира другата страна дека според нашето мислење,  го прекршува договорот и ќе треба другата страна да одоговори. Второто ниво е Генералниот секретар на ОН, кој претпоставувам, со многу голема тешкотија би сакал лично да започне да се вмешс во прашање кое смета дека е завршено. И третото е тужба до Меѓународниот суд на правдата во Хаг, или заедничка или ако Северна Македонија не сака да се согласи, можеме по шест месеци сами да се обратиме. Ова го предвидува договорот. За правдата за Грција во Хаг, ќе бидат потребни многу години, објасни Маљас.

Александрос Маљас ЕУ одговорност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.