Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Малески: Интересот на ЕУ, за вклучување на целиот Западен Балкан е многу голем

0
By Biljana on May 27, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Последните случувања на меѓународната сцена отвораат перспектива за почеток на еден „цивилизиран и добрососедски дијалог“ меѓу Северна Македонија и Бугарија, вели за НОВА ТВ поранешниот дипломат и професор по меѓународно право, Денко Малески. Малески е оптимист дека решение ќе се најде, но смета дека за некаков исчекор во разговорите меѓу двете земји ќе мора да се почека до изборот на нова бугарска Влада.

„Интересот на ЕУ, за вклучување на целиот Западен Балкан во тој европски проект е многу голем. Сега би требало да ја искотистиме таа шанса, иако не сум сигурен дека е можен некој голем пробив пред да се завршат политичките избори во Бугарија и пред да се стабилизира тамошната Влада“, вели професорот Малески.

Малески е дециден, дека и покрај искрената воља на претседателот на Бугарија, Румен Радев да ги придвижи преговорите, тој како политичка индивидуа не може да направи многу. Професорот е песимист во однос на најавите на евроспките дипломати дека придвижување на преговорите со Унијата би имало веќе во јуни.

„Ја разбирам логиката на бугарскиот претседател Радев кој изјави дека тие имаат усвоено став во Парламентот преку кој тој не може да помине. Ниту Радев ниту административната Влада во Бугарија не би можеле да влезат во решевање на спорот при постоење на ваков документ. Тоа во превод би значело дека решение толку брзо е можно ако ние таксативно одиме точка по точка и прифатиме се она што во бугарскиот Парламент било усвоено, што според мене се неверојатни ситуации во политиката, па оттаму и скепсата дека наскоро ќе има некакво решение“, вели Малески за НОВА ТВ.

Во однос на поддршката што САД ја дадоа за евроинтегративниот процес на С. Македонија, професорот е дециден дека ангажманот на САД секогаш бил многу важен на Балканот и оти америкаската администрација и во иднина треба да остане посветена на регионот.

Амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз, по вчерашната средба со премиерот Зоран Заев посочи оти САД се задоволни од тековниот разговор помеѓу Северна Македонија и Бугарија кон придвижување на пристапот во ЕУ.
Во меѓувреме, расте поддршката од земјите членки на ЕУ за изнаоѓање на решение за мекдонско-бугарскиот спор.

Минатата недела еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и португалскиот министер за надворешни работи, Аугусто Сантош Силва, во Скопје и Софија презентираа предлог за деблокирање на ветото на Бугарија кое го кочи одржувањето на првата Меѓувладина конференција. Детали од португалскиот нон пејпер, вчера откри шефот на државата Стево Пендаровски, кој во изјава за новинарите, рече дека една од точките била историчари од држави членки на ЕУ да се вклучат во работата на мешовитата историска комисија.

„Во тој дел немаме проблем. Но, за да се приклучат такви луѓе на Комисијата тоа мора да биде со взаемна согласност на двете страни“, рече Пендаровски во Рим.

Оптимистички прогнози од посетата во Северна Македонија испрати и германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот. Тој порача оти постоеле големи шанси следниот месец да се најде взаемно прифатливо решение.

„Имаме голема шанса уште во јуни да дојдеме до решение кое може да биде прифатено од сите засегнати страни. Работиме да постигнеме успех на 22 јуни оваа година во Советот на ЕУ. Португалското претседателство со Советот активно работи на едно вакво решение, а ние во сојузната Влада во Берлин го поддржуваме тоа онаму каде што можеме“, рече Рот.

Билјана Божиновска

Денко Малески македонско-бугарски односи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.