Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рот со оптимистички прогнози: Решение за спорот со Бугарија е можно во јуни

0
By Biljana on May 26, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 26, 2021 20:19

Имаме голема шанса уште во јуни да дојдеме до решение кое може да биде прифатено од сите засегнати страни. Работиме да постигнеме успех на 22 јуни оваа година во Советот на ЕУ. Цврсто сум убеден во тоа дека ако сега не испорачаме како ЕУ тогаш оваа динамика оваа доверба ќе биде изгубена, порача германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, на прес-конференцијата во Скопје со неговиот домаќин вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров.

„Се уште не ја прекачивме планината, но знам дека само солидарно и заедно можеме да го направиме тоа. Некој ќе се праша каде беше Европа во овие изминати недели, и месеци. Сакам да ве убедам дека ние сме на вашата страна. За време на германското претседателство се обидовме да постигнеме напредок бидејќи вие драги Македонци го заслуживте тоа. Вашата земја постигна голем напредок, се охррабривте да решите еден голем истрориски спор со тоа што го променивме името на вашата земја и од тука е легитимно да очекувате ние од страна на ЕУ да ги исполниме нашите ветувања. Сакам да ви ветам дека не само Германија е на вашата страна, туку дека партнерите во ЕУ, исто како и претходно се чувствуваат обрзани за конкретна перспектива за сите земји од ЗБ. Ќе се радувавме ако минатата година успееше да се започнат преговорите со С Македонија и Албанија, но не успеавме. Сега работиме со португалското претседателство со Советот на ЕУ тоа да може да успее. Останувам оптимист дека ќе успееме во тоа. Она што ни е потребна сега е свест за одговорност, храброст, сега ни е потребно да се држиме заедно и за мене тоа е повеќе од само ветување“, рече Рот на прес – конференцијата која се одржа во Влада.

Тој изрази уверување дека сега постои голема шанса за решение на спорот меѓу С. Македонија и Бугарија и отпочнување на пристапните преговори на земјава.

„Благодарем сум на нашите пријатели овде во Владата, но и во Бугарија дека сега имаме голема шанса уште во јуни да дојдеме до решение кое може да биде прифатено од сите засегнати страни. Португалското претседателство со Советот активно работи на едно вакво решение, а ние во сојузната Влада во Берлин го поддржуваме тоа онаму каде што можеме. Се надевам дека ќе го имате неопходното трпение бидејќи важни се и реформите, тоа е мојата порака до владата овде“, додаде германскиот министер.

Рот упати порака и до опозицијата во земјата за минимум подготвеност за компромиси и консензус во заедничкото чекорење кон ЕУ.

На прашањето што се сменило за сега да биде голем оптимист дека ќе има решение тој рече дека сега на сите им е јасно дека се потребни веродостојни успеси за Западен Балкан.

„Мислам дека на сите ни е јасно дека потребни ни се веродостојни успеси на Западен Балкан, не затоа што е во ваш интерес туку и во наш интерес е да има стабилност, регионално помирување, безбедност, демократија. Тоа е од исклучително значење за ЕУ, не само за Германија“, порача Рот.

Според шефот на дипломатијата Димитров, добар сигнал во насока на очекувањата за деблокада на преговорите со ЕУ е денешната средба на претседателите Пендаровски и Радев и посетата на Рим.

„На сите ни е јасно денес колку голем е влогот. Истовремено имам предизвик од една страна да се менаџира со очекувањата, бидејќи неколку пати веќе имаме зборувано и во јуни 2018, и во јуни 2019, и во октомври 2019 и во март минатата година, кога беше дадено зеленото светло, но наше е да не дигаме раце да се обидеме без при тоа да созададеме некакви преголеми очекувања. Мислам дека треба да работиме на резултат, а не на подигнување на очекувањата. Тоа што двајцата претседатели Пендаровски и Радев се заедно во Рим е јасен сигнал дека се возобновува дијалогот и мислам дека македонско-бугарското пријателство и заедничка европска иднина треба да ја искористи оваа шанса“, рече Димитров.

ЕУ Михааил Рот МНР Никола Димитров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.