Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мандатот на Иванов завршува во мај без разлика на исходот од изборите

0
By Нова ТВ on April 26, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 26, 2019 12:19

По завршување на претседателскиот мандат Ѓорге Иванов никако не може да ја продолжи функцијата. Тоа може да се случи само доколку има војна или вонредна состојба во државата, а тоа е сложена постапка за која е потребно двотретинско мнозинство. Затоа граѓаните треба да бидат одговорни за да се обезбеди изборниот цензус што не е толку недостижен, вели во изјава за МИА поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски.

„Иванов во никој случај не може да биде вратен. Ниту Свети Јован не може да го врати на функцијата. Таа комбинација отпаѓа во секој случај. Доколку не се спроведе изборот останува претседателот на Собрание….Не дека тој станува претседател на Републиката, туку ги врши неопходните функции што се за претседателот на Републиката до моментот на повторниот избор“ објаснува Ивановски.

Според поранешниот претседател на Уставниот суд, доколку се случи  најнепосакуваното, односно не се обезбеди цензусот, тоа значи дека изборите се неуспешни и претседателот на Собранието веднаш треба да распише нови избори што треба да бидат спроведени во рок од 40 дена од моментот на распишувањето, што ќе значи нови девет милиони евра.

За Ивановски е неприфатливо да се менува начинот на избор на претседател на државата, затоа што тоа ќе значи пролонгирање на кризата.

„ Тоа најмалку им одговара на граѓаните, а бидејќи тие се експоненти треба и најмногу да бидат одговорни, да ја чувствуваат таа одговорност и да ги преземат сите мерки, сите дејствија за да се обезбеди изборниот цензус што не е толку недостижен, имајќи предвид дека околу 720-730 илјади и може да се обезбеди во секој случај, рече Ивановски.

 

Иванов мандат претседателски избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.