Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Доколку не се направат уставните измени дефинитивно ќе биде испуштена шансата за ЕУ

0
By Соња Крамарска on June 6, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Од денешната изјава на Маричиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нашата цел е да се залагаме што побрзо да влеземе во ЕУ, вели заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, кој одговараше на новинарско прашање, како го оценува оптимизмот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека за три до четири години нашата земја ќе влезе во ЕУ.

„Ние ги започнавме преговорите минатата година, тие во просек траат четири до пет години. Така што тоа толку и не е неостварливо, ако работиме од двете страни, секако дека мораме да бидеме оптимисти, но и реални. Владата зацрта цел до 2030 година, да стане членка на ЕУ. Три-четири е многу скоро, но за три-четири години можеме да се поместиме многу во преговорите со ЕУ, доколку работиме и се разбира доколку ЕУ зацрта една агенда, тие три-четири години бидат искористени максимално и ќе одиме брзо кон членство“, вели Маричиќ.

Прашан за тоа што на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе му биде понудено на маса на лидерската средба со Ковачевски, Маричиќ рече дека не може да говори во името на Ковачевски.

„Очекувам да бидат поставени сите прашања со уставните измени, да се разговара околу самиот текст и околу процесот како да се изведат тие најбрзо и наједноставно со цел да ги продолжиме преговорите и да ја  отстраниме евентуалната блокада. Мислам дека само дијалогот е најдоброто решение и пред да започне процедурата во Собрание, логично е да седнат лидерите на најголемите политички партии, да поразговараат. Владата е конструктивна и секогаш ќе биде конструктивна“, вели Маричиќ.

Посочи дека она што е важно е опозицијата да ја сфати својата одговорност во носењето на овие одлуки.

„Тие ја пропуштија таа шанса за НАТО, за Преспанскиот договор, еве им се дава прилика да не ја пропуштат овој пат, со тоа што овој пат текстот, да речеме е со помала тежина и предизвикува помали проблеми, во однос на тоа што било претходно“, рече Маричиќ.

Забележа дека ништо не гледа спорно во Уставот да се впишат уште неколку заедници, кои како што вели се и онака граѓани кои живеат во земјава.

Маричиќ предупреди и дека доколку не се направат уставните измени, дефинитивно ќе биде испуштена шансата за влез во ЕУ.

„Има некое чувство кај дел од опозицијата дека не е битно кога ќе бидат измените и дека можат да се направат по три години и по четири години. Мислам дека тоа е едноставно губење на време, коешто не можеме да го вратиме и коешто може да предизвика уште десет години да останеме во чекалната“, вели Маричиќ.

Смета дека сега е моментот и кога се отвара патот кон ЕУ, какошто вели тоа се пораките од Брисел, претседателката на Европската комисија и од сите останати добронамерни сојузници на нашата држава.

„Затоа реков одговорноста на опозицијата е огромна и не може да се избегне. Знам дека би сакале најмногу некој друг да ги реши проблемите за нив, но дел од нив ќе мора да учествуваат во оваа одлука. Јас верувам дека ќе дојдеме до таа точка и нема да ја пропуштиме шансата“, додаде Маричиќ.

Прашан како ја коментира понудата на опозицискиот лидер Мицкоски за обединување на македонските политички партии, за да се развласти ДУИ, Маричиќ рече дека тоа е маневраски потег „за купување време и за собирање на евтини политички поени“.

„Мислам дека одговорноста на секоја политичка партија не може да се отстрани со коментирање и напаѓање на друга политичка партија. Време е Мицкоски и сите други во ВМРО-ДПМНЕ да се соочат со тоа дека имаме шанса да донесеме одлука заедно. Никој нема да биде обвинуван, бидејќи не го нарушува концептот на нашиот Устав, ниту на нашата  држава, ниту го допира македонскиот идентитет“, вели Маричиќ.

Тој истакна дека за евентуални коалиција најверојатно може да се разговараат понатаму, но смета дека најдобро ќе се постигне македонското национално единството доколку сите големи партии гласаат за уставните измени и го отворат пат кон ЕУ.

Бојан Маричиќ преговори Северна Македонија уставни измени членство во ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.