Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: ЕУ е синоним за подобар живот на граѓаните

0
By Marta Pesevska on June 25, 2023 ВЕСТИ
„ЕУ не е само правното приближување и хармонизација на македонското законодавство со европското, туку и реални проекти кои го прават поквалитетно секојдневното функционирање на граѓаните. ЕУ е синоним за подобар живот на граѓаните, кој преку својата финансиска поддршка е најголем донатор и помош за постигнување на европските стандарди и реформи“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на трибината „МК во ЕУ до 2030“ во Куманово.
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тој додаде дека од седумте годишни европски финансиски програми во просек добиваме околу 620 милиони евра.

„На ова се надополнуваат инфраструктурните проекти, кои последните 2-3 години се во вредност од околу 300 милини евра од Инвестициската рамка за Западен Балкан. Од неодамна сме дел од заедничката енергетска политика на ЕУ – под европскиот чадор сме кога е во прашање обезбедувањето на енергија во услови на криза – токму затора, поради нашите сојузништва и поради нашите внимателни економски политики успешно ја поминавме зимата – со нормални сметки за струја, без покачувања, без рестрикции, без хаварии“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека ЕУ ја поддржува и нашата добрососедска прекугранична соработка и дека утре ќе биде потпишан договор со ЕУ за програмата за прекугранична соработка Северна Македонија – Србија во вредност од  8,4 милиони евра неповратни средства од ЕУ.

„И затоа одиме во ЕУ, заради можностите кои ги нуди за граѓаните, фондовите за проекти кои ги следат европските трендови и се во интерес на граѓаните и подобрување на нивното опкружување. Со добивањето пристап до единствениот пазар на ЕУ, на Северна Македонија ѝ се отвора можност да се наметне како европска зона со компаративна предност“ рече Маричиќ.

ЕУ Западен Балкан маричиќ трибина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.