Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ најавува подобрувања во Изборниот законик

0
By НОВА ТВ on July 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за правда најавува промени во текстот на Изборниот законик во насока на подобрувања. Тој вели дека начелно е постигната согласност меѓу големите четири политички партии. А, по одморите или на средина на август, министерот очекува законот да биде изгласан во Собранието.

-Изборниот законик е комплициран за донесување и секогаш сме го носеле со консензус. Во овој момент сè уште се работи на тој текст. Постои предлог во Собранието, потпишан од неколку пратеници коориднаторите на четирите најголеми партии, но она што можам да го кажам е дека тоа не значи дека во таа форма конечно ќе биде донесен. Има уште време, иако не премногу, но верувам дека по одморите ќе биде донесен, рече Маричиќ.

Тој посочи дека идејата е во законот да се имплементираат сите потребни препораки на ОБСЕ/ОДИХР, и да се направат подобрувања на процесот, во интерес на демократизација на изборите, и поголемо учество на граѓаните.

Темата за изборниот законик меѓу партиите е отворена неколку месеци.

-Во оној момент кога ќе имаме законски текст кој ќе биде усогласен, и за кој ќе сметаме дека ќе биде подобар од овој кој што е во моментов во Собранието, ќе биде повторно предложен и тој ќе биде изгласан. Меѓутоа во секој случај добро е да има измени на Изборниот законик, во смисла на препораките на ОБСЕ пред се, но и некои други решенија кои се битни за изборниот процес пред да одиме на избори во октомври, рече Маричиќ.

Изборен законик избори маричиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.