Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ по повод Денот на Европа: До 9 Мај 2030 година можеме да го направиме возможното – членство во ЕУ

0
By Ана Василевска on May 9, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Бојан Маричиќ, фото: Ангел Ангеловски
Бојан Маричиќ, фото: Ангел Ангеловски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашање Бојан Маричиќ по повод 9-ти Мај, Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа порача дека европските држави на 9-ти Мај 1950 година го направија невозможното и дека „ние до 9 Мај 2030 година можеме да го направиме возможното, а тоа е нашето членство во Европската Унија”.

„Ние денес се бориме за истите вредности и цели за кои Германија и Франција направија историски исчекори после Втората светска војна. Тоа е обединувањето. Економската соработка. Да бидеш свој на своето, а во исто време да припаѓаш во нешто многу поголемо. Да се движиш слободно, да работиш слободно. Да придонесуваш и да добиваш. Да биде подобро“, рече Маричиќ во своето видео излагање.

Маричиќ укажа дека на сите им е јасно „дека најтешките одлуки се зад нас” и дека уставните измени не се ништо друго освен влог кој носи гаранција за придобивките, а не ни одзема ништо.

-Тоа добро го знаат и тие што се противат на нашиот европски пат. Затоа, време е да престанат да се противат, за да не станат историски негатори и кочничари на стратешките цели на сопствениот народ, укажа вицепремииерот.

Денес кога имаме и слобода, и држава, Маричиќ вели дека „точно знаеме каде одиме, што бараме и што ќе добиеме” и дека „работата е во наши раце нема веќе чекање”.

– Нема откажување. Како што успеавме да станеме членка на НАТО, така ќе успееме да станеме членка и на ЕУ. Одиме во сојуз кој ни носи европски фондови и европски стандарди во сите области што живот значат. Фондови за да градиме како никогаш до сега – македонска инфраструктура со европски пари. И паралелно со тоа – реформи. Реформи за сите наши институции, во сите ресори да дадат најдобра услуга за нашиот народ, посочи Маричиќ во видеообраќањето.

9 мај Бојан Маричиќ ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.