Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Предвремени избори само ако опозицијата се согласи да гласа за уставните измени

0
By Ана Василевска on July 14, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Бојан Маричиќ
Бојан Маричиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предвремени избори може да има само ако опозицијата се согласи да гласа за уставните измени и потоа да распишеме предвремени избори. Само тоа е опција што како Влада би прифатиле, порачува вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за „Гласот на Америка“.

– Мислам дека не е време за предвремени избори, туку е време за понесување одговорност и имплементација на нашите обврски. Граѓаните ќе ни бидат благодарни доколку ја завршиме обврската пред изборите, за да не бидат изборите оптоварени, за тоа кој е ЗА а кој е Против уставните измени, затоа што тоа ќе не внесе во нов 10-годишен тунел, од кој не знаеме дали ќе може да излеземе порано од 10 години. Не е време за предвремени избори, време е за носење одлуки, вели Маричиќ кој е во посета на САД.

За ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да се помести од своите позиции, дали постои план Б и дали е во Вашингтон за да побара поддршка од стратешкиот сојузник – САД, тој вели дека поддршката ја имаме од сојузниците, но не за никаков план Б.

– Поддршка од сите доаѓа, но само за планот А. Тоа е единствениот план што го имаме, а тоа е завршување на уставните измени, продолжување на преговорите со ЕУ, и членство на Северна Македонија до 2030-та. Секоја партија, секој политичар, којшто ќе се спротивстави на ова, ќе носи историска одговорност, за евентуален негов неуспех. Јас сум сигурен дека имаме доволно време до ноември, да ја убедиме целата пратеничка група или дел од пратеничката група на опозицијата да гласа за овој предлог, затоа што премногу е голем влогот да ја изгубиме оваа шанса. И пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и партијата треба да дадат одговор, зошто работат да ја пропуштиме оваа шанса, бидејќи следната година веќе ќе имаме друг контекст, а ние многу ќе доцниме. Веќе чекавме 17 години да ги почнеме разговорите, нема веќе ниту ден за губење, рече Маричиќ.

Според него, постои чувство дека консензусот за ЕУ е нарушен, откако ВМРО-ДПМНЕ зазема премногу цврст став да не ги поддржува уставните измени.

– Не можеме да бидеме само декларативно за ЕУ, мора да покажеме на дело. Денес се уставните измени, а утре ќе бидат многу други одлуки за кои ќе треба двотретинско мнозинство, а се врзани за конкретни европски политики, независно дали се работи за правосудството или други сегменти, вели Маричиќ.

Пораката од САД и другите меѓународни партнери, како што посочува, е дека постои моментум за Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија кон европските интеграции заедно и поврзано со ситуацијата во Укриина.

– Таа шанса не смее да ја пропуштиме, втора шанса не знаеме кога ќе имаме, нема да има можност повторно да се разговара и преговара за истите прашања кои што ги решивме минатото лето со Бугарија во форма на францускиот предлог. Не е време за политиканство, за вонредни избори, не е време за партиски препукувања. Време е секоја партија и секој пратеник и политичар да покаже на дело дека е за исполнување на нашите стратешки приоритети, во овој случај, зачленувањето во ЕУ, изјави Маричиќ за „Гласот на Америка“. 

Бојан Маричиќ ВМРО-ДПМНЕ опозиција предвремени избори уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.