Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ со роденденска порака до УПОЗ: Остануваме партнери со синдикатите

0
By НОВА ТВ on July 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 8, 2021 14:29

Синдикатот на Управата на правосудните органи и здруженијата денеска прослави 30 години од основањето. Претседателот на УПОЗ, Пецо Грујоски во својот говор пред присутните гости истакна дека во Синдикатот денес се здружени 110 синдикални организации во кои вработените се зачленуваат слободно, доброволно и врз сопствено убедување без разлика на политичките и религиозните убедувања, националната, етничката, расната припадност, пол, возраст, здравствена состојба, социјално потекло итн.

– Во изминативе 30 години Синдикатот на УПОЗ одржа седум собранија, а веќе наесен следува осмото. Синдикатот на УПОЗ од самото формирање е здружение врз доброволна основа во ССМ заради остварувањена заедничките економско социјални и синдикални права на синдикалното членство, рече Грујовски.

– На планот на економско социјалните прашања Синдиактот  на УПОЗ во сиот овој изминат период беше и се ангажираше за имплементирање на проекти и законскии решенија кои ќе бидат во интерес на подобрување на материјално социјалната положба и животниот стандард на своето членство, рече Грујовски.

Синдикатот на УПОЗ со своето дејствување, како што наведе Грујовски, постигна комплетни резултати и се избори да се укинат повеќе пакет мерки на Владата кои се однесуваат на намалувањето на голем број работни места во јавната администрација, да нема прогласување технолошки вишок и принудни одмори.

– Беше против најавениот трансфер на високо вработени во јавниот и приватниот сектор сметавме дека во многу институции во државата и локалната самоуправа не само што нема вишок на вработен, туку има и потреба и од нови вработувања што го констатираше и Владата, изјави Грујовски.

Министерот за правда Бојан Маричиќ, по повоод јубилејот 30 години Синдикат на УПОЗ, во својот говор ја потврди силната заложба на Владата и Министерството за правда  да бидат стабилен партнер во социјалниот дијалог со Синдикатот на УПОЗ, со цел подобрување на животниот стандард на работниците.

– Низ годините постоеле ситуации кога Владата и Синдикатот се нашле на различни страни, но стремежот наш отсекогаш бил и ќе биде да има партнерски однос со синдикатите. Дури и кога не се согласуваме за одредени работи, успеваме низ конструктивен и искрен дијалог да дојдеме до заедничко решение и да постигнуваме договори, бидејќи интересите на работниците треба да се на прво место, кажа Маричиќ во своето обраќање.

Воедно, претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски, денеска им додели признанија на повеќе членови на овој синдикат.

Бојан Маричиќ УПОЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.