Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марија Петровиќ: За чист воздух е неопходна регионална соработка

0
By Нова ТВ on February 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 6, 2020 15:39

Чистиот воздух е основно човеково право, а не привилегија. За справување со аерозагадувањето што е хроничен проблем во регионот и глобално, важна е регионалната соработка во јавното здравство. Здравствената мрежа на Југоисточна Европа (ЈИЕ) е едиствена регионална иницијатива и здравствена платформа која стимулира активности на ниво на Југоисточна Европа, меѓу земјите во регионот и се залага за подобра животна средина, чист воздух и подобро здравје за сите.

Ова го истакна директорката на Секретаријатот на Здравствената мрежа на ЈИЕ, доктор Мира Јовановски-Дашиќ на денешната презентација на активностите на оваа мрежа во рамки на настанот организиран во соработка со  „Добредојде“ – Macedonia Welcome Center и Амбасадата на Црна Гора, како актулен претседавач со здравствената платформа. Таа посочи дека податоците од мерењата од пред два дена на мапата на аерозагадувањето во Европа покажуваат дека најголема е загаденоста на воздухот токму на југот на континентот и особено на Балканот, каде бројките се алармантни и за Скопје и поголемите градови од С. Македонија.

„Предизвиците со загадувањето на воздухот во исто време се и од итно значење за јавното здравство. Сите треба да бидеме свесни дека долгорочните ефекти од аерозагаденоста ја зголемуваат смртноста кај популацијата, а тоа го покажуваат и бројките на случаи на рак на белите дробови, мозочни удари, инфаркт, алергии соопштени деновиве по повод Светскиот ден за борба против ракот. За справување со состојбите клучна е меѓусекторската активност, формирање на база на податоци за креирање политики, проценка на здравствени ризици и проценка на влијанија врз здравјето, како и изработка на регионални епидемиолошки студии за здравствени прашања поврзани со животната средина. Треба да се работи континуирано и на јакнење на капацитетот на експертите во здравстевниот систем, како и на едукација на знаењето на популацијата за тоа како да се заштити особено за време на деновите со високи вредности на аерозагадувањето“, рече Јовановски Дашиќ.

Ова се, како што истакна, дел од препораките од тркалезната маса одржана од Здравствената мрежа на ЈИЕ за идните регионални активности и приоритети, а како задолжителен го посочи регионалниот сеопфатен пристап и партнерство.

„Покрај споменатото има уште многу да се направи за справување со аерозагадувањето низ регионот како подобрување на јавниот транспорт, зголемување на енергетската ефикасност, примена на стандарди, нудење грантови и субвенции за зелени политики, засадување дрвја, со крајна цел создавање едуцирани граѓани со можности за „почисто живеење“. Придобивките од регионалната соработка се одржливост на заедничките акции се здружување на ресурсите кои директно ќе влијаат врз здравјето на луѓето и на економските придобивки. Според проценките на регионалната канцеларија на СЗО, во 2015 година, трошоците од прерана смрт како последица од аерозагаденоста биле во износ од 1,4 трилиони долари“, рече Јовановски Дашиќ.

Здравствената мрежа на ЈИЕ е регионална меѓувладина организација формирана 2001 година со седиште на Секретаријатот во Скопје. Нејзини цели се промоција на соработка, заеднички вредности и охрабрување заеднички напори кон мир, здравје и добросостојба на луѓето од земјите членки на мрежата. Таа обезбедува платформа за дискусија и размена на најдобри практики меѓу деветте земји членки: Албанија, Бугарија, БиХ, Израел, С. Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија и Србија и претставува дополнителен канал за соработка со воспоставени врски со европски и светски организации.

Амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ, во своето обраќање истакна дека изборот на темата на денешниот настан е со цел да се привлече вниманието на важноста од одлучни заеднички активности за да се одбрани правото на чист воздух. Пред бројните посетители, претставници на дипломатскиот кор, на компании, јавни личности беше прикажан и промотивен филм за природните убавини на Црна Гора и туристичките потенцијали насловен „Добредојдовте во Црна Гора“.

аерозагадување здравје Иницијатива Марија Петровиќ чист воздух
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.