Владата ја избра советничката за комуникации во Кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев, Марина Узунов, за член на Управниот одбор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ). Одлуката за нејзино именување е објавена во „Службен весник“, а покрај Узунов нови членови на У.О. на оваа институција се и: Данчо Петров, Мирјана Ранчанов и Светислав Смилков. 

Марина Узунов пред да стане дел од Кабинетот на Анѓушев беше новинарка.

Долгогодишен директор на ТИРЗ, во време на владеењето на владата на Никола Груевски, беше Виктор Мизо. На негово место Владата на Зоран Заев го назначи Александар Младеновски, кој беше активист на Шарената револуција и беше во првите редови на протестите во Скопје.

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, во име на Владата, управува со Технолошко-индустриските развојни зони во земјава и е една од формите преку кои се промовираат и се имплементираат политиките за привлекување странски директни инвестиции.