Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

0
By Zoran Ivanov on November 11, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги загубија животите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ најавија голем граѓански марш за правда, што ќе се одржи на 15 ноември во Скопје, со почеток во 12 часот и 5 минути.

Маршот ќе започне од Плоштад Македонија, ќе продолжи пред Собранието, а ќе заврши пред Основниот кривичен суд во Скопје, каде што родителите ќе побараат институциите конечно да превземат одговорност и да обезбедат правда за нивните деца. Тие низ солзи и со длабока болка повикуваат во сабота масовно да се излезе на скопските улици.

Болката е наша, но борбата мора да биде заедничка. Нашето прво доаѓање во Скопје беше крик за видливост. Тогаш марширававме сами, додека градот молчеше. Сега ве повикуваме сите да дојдете — без посредници, без лаги, без манипулации. Ние сме родителите на ангелите и за нас единствено што остана е борбата за правда –  порачуваат тие и потсетуваат дека во изминатите речиси осум месеци од трагедијата одржале триесеттина маршеви во Кочани, но, како што велат, тоа не било доволно за да ги разбуди институциите.

Од Здружениет на граѓани 16-ти Март 2025 велат

Свесни сме дека патот до вистината ќе биде долг и тежок, исполнет со отпор и искривени намери. Но, ако застанеме еден до друг, системот нема да има друг избор освен да постапи онака како што бара народот. Веруваме дека Македонија има совест, дека знае да се сплоти кога најмногу боли.

Според најавите, маршот на 15 ноември ќе биде симбол на сплотеност, тишина и достоинствен отпор против неправдата која трае повеќе од седум месеци. Родителите нагласуваат дека ова не е политички собир, туку повик на совеста на секој граѓанин кој верува во правдата и човечноста.

 

 

ангелите Кочани сабота Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Форбс: Богатството на Илон Маск порасна на 677 000 000 000 долари

December 16, 2025

Апелација од 12 на 13 години му ја зголеми казната на возачот кој ја прегази Фросина Кулакова

December 15, 2025

Лувр затворен – персоналот штрајкува

December 15, 2025

Градот на светлината без новогодишни светла на Шанзелизе

December 14, 2025

Најмалку 10 убиени во пукање на плажата Бонди воглавниот град на австралискиот Нов Јужен Велс

December 14, 2025
ФОКУС

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

ВЕСТИ December 16, 2025

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот…

САД: Разговараме за договор што обезбедува силни гаранции за безбедноста на Украина

December 15, 2025

Сиднеј: Татко и син поврзани со „Исламска држава“ се терористите кои убија 15 лица во антисемитскиот напад на плажата Бонди 

December 15, 2025

Будимпешта: Илјадници на улиците – граѓаните бараат оставка од Орбан по скандалот со злоупотреба на деца

December 14, 2025
ТИКЕР

Форбс: Богатството на Илон Маск порасна на 677 000 000 000 долари

December 16, 2025

Апелација од 12 на 13 години му ја зголеми казната на возачот кој ја прегази Фросина Кулакова

December 15, 2025

Лувр затворен – персоналот штрајкува

December 15, 2025

Градот на светлината без новогодишни светла на Шанзелизе

December 14, 2025

Најмалку 10 убиени во пукање на плажата Бонди воглавниот град на австралискиот Нов Јужен Велс

December 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.