Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Машка класика на Австралија опен: Ѓоковиќ против Надал за тронот во Мелбурн

0
By Нова ТВ on January 25, 2019 СПОРТ
Фото: ausopen.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе играат во финалето на Австралија опен. До седмиот меч за седма титула во Мелбурн, српскиот тенисер стигна по триумфот над Лукас Пуј со 6:0, 6:2, 6:2 за само 83 минути игра. Односот на силите на терен најдобро го отсликува фактот дека Французинот освои прв гем во мечот на почетокот на вториот сет.

Ѓоковиќ призна дека дуелот со Шпанецот го обезбедил преку една од најдобрите партии во кариерата и притоа ја истакна желбата за реприза на исходот од 2012 година.

„Ќе поинаку за разлика од пред седум години бидејќи правилата за петти сет се променети. Тогаш игравме речиси шест часа што беше едно од најголемите искуства за мене. Но, се надевам дека исходот ќе биде ист“, рече Ѓоковиќ кој порача дека сигурно би купил билет за спектаклот со Надал кога би бил во улога на тениски фан.

Со евентуална победа во недела наутро, Ѓоковиќ ќе биде рекордер по бројот на освоени титули на Австралија опен и би ги минал Рој Емерсон и Роџер Федерер.

„Против Пуј го одиграв еден од најдобрите мечеви во кариерата. Се функционираше како што посакував“, додаде првиот носител на гренслемот.

Рафаел Надал, пак, во полуфиналето го елиминира Стефанос Циципас со 6:2, 6:4, 6:0 за негово петто финале во кариетата на Австралија опен што се игра за награден фонд од 29,6 милиони долари.

За титулата кај дамите ќе играат чешката тенисерка Петра Квитова и Јапонката Наоми Осака. Квитова во полуфиналето ја совлада Даниел Роуз Колинс од САД со 7:6, 6:0, а Осака беше подобра од Каролина Плишкова од Чешка со 6:2, 4:6, 6:4.

Австралија опен Новак Ѓоковиќ тенис финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.