Ракометарите на Вардар опстанаа на тронот во Суперкупот на Македонија. „Црвено-црните“ во мечот за титулата на „Женска плажа“ во Струга го совладаа Металург со 33:24 (полувреме 16:10).
Натпреварот беше неизвесен само во првите десетина минути по што доби еднонасочен тек. По 4:4 во 11 минута, вардарци додадоа гас, со серија од 7:2 се „одлепија“ на 11:4 по што тимот од Автокоманда не успеа резултатски да се доближи до крај на средбата.
Тимуд Дибиров беше најефикасен играч на натпреварот со осум гола, Скубе и Кисељев постигнаа по четири додека голманот Милосављев забележа 14 одбрани и еден седмерец. По четири погодоци кај поразените реализираа Јагањац, Танкоски, Кузмановски и Димитриоски.
Кон крајот на месецот, поточно, на 29 август Вардар и Металург ќе имаат нов меѓусебен дуел во рамки на воведното коло од новата сезона во регионалната СЕХА лига.