По најавениот концерт на Deep Purple се најавува и концерт на Масимо Савиќ, за 29-ти мај во Скопје.

„Со голема надеж дека лошите денови се зад нас, задоволство ни е да ви го најавиме вториот пост-ковид open air концерт во Македонија (само еден ден после концертот на Deep Purple), на 29-ти мај на стадионот на АРМ во Скопје“, се вели во објавата на Авалон.

Концертот како што се посочува ќе се одржи на отворено.