Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Масовно апсење во Шпанија за трудова експлоатација на украински бегалци

0
By Соња Крамарска on January 23, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шпанската полиција разби криминална група за која тврдат дека водела три нелегални фабрики за тутун, каде што украинските бегалци работеле во исклучително лоши услови.

Акциите беа спроведени во три региони на Шпанија, во кои беа уапсени 27 лица. Групата наводно шверцувала големи количини тутун претворен во фалсификувани цигари.

Фабриките произведуваа повеќе од половина милион кутии цигари дневно, кои се продаваа низ Шпанија и во странство.

Полицијата соопшти дека Украинците, кои побегнале од руската инвазија на нивната земја, живееле „набиени“ во монтажни засолништа во фабриките.

Работеле долги часови и не излегувале никаде, за да не бидат откриени, бидејќи некои илегално влегле во земјава.

Во меѓувреме, челниците на организацијата уживале во „раскошен живот“, наводно перејќи пари за нивната операција на шверц на тутун, пишува Би-Би-Си.

За време на рацијата, властите конфискувале тутунски производи во вредност од 37,5 милиони евра, луксузни возила, накит и големи количини готовина. Претресени се повеќе од 20 домови, индустриски објекти и продавници.

Првата тајна фабрика беше пронајдена во барака за пилешко во близина на Севиља на југ кон крајот на 2021 година – што ги натера властите да спроведат уште две операции, во источниот регион Валенсија и Ла Риоха на север.

Полицијата соопшти дека бандата, исто така, го диверзифицирала производството со развој на големи плантажи со марихуана.

Истрагата беше помогната од европската полициска агенција Европол.

Според Обединетите нации, има речиси осум милиони регистрирани украински бегалци низ Европа, кои избегале од руската инвазија во февруари 2022 година. Повеќе од 160.000 од нив се регистрирани во Шпанија.

Во ноември, европратениците известија дека трудовата експлоатација на Украинците е во пораст, предупредувајќи дека итноста на нивната ситуација и јазичните бариери понекогаш ги принудуваат бегалците да прифатат неформална и недоволно платена работа.

Извор: Н1

украински бегалци Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.