Независниот синдикат на вработените во Управата за водење матични книги го блокираше сообраќајот на булеварот „Свети Кирил и Методиј“ и булеварот „Свети Климент Охридски“ во центарот на главниот град.
Блокадата од страна на вработените во Управата за водење матични книги следува откако протестот пред Министерството за финансии, кој се одржа минатата недела, беше неуспешен, а нивните барања за повисоки плати и потпишување колективен договор не беа исполнети.
Протестирајќи пред Министерството за финансии минатата недела, тие повторно ги повторија своите барања за потпишување колективен договор за кој постигнаа согласност со Министерството за правда, а со него се предвидува 30 отсто повисоки плати и 50 отсто од просечната плата за К-15.