Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Матичните лекари го прекинуваат протестот, постигнат договор со Министерството за здравство

0
By Biljana on February 18, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 18, 2022 16:12

Матичните лекари го прекинуваат протестот – преку работни групи со Министерството ќе бараат решение на проблемите.

Министерството за здравство заедно со Здружението на приватни лекари ќе формираат работни групи на кои ќе се дефинираат конкретните чекори за подобрување на состојбите со кои се соочуваат со лекарите од примарното здравство. Ова било договорено на денешниот состанок помеѓу заменик министерот за здравство, Владимир Рендевски и претседателката на Здружението, Лилија Чолакова Дервишова.

„Во овој краток период откако ја преземав функцијата имав повеќе средби и со министерот за здраство и со Фондот за здравствено осигурување, она што го увидувавме во примарната здравствена заштита е дека навистина од 1463 медициски тимови во примарната здравствена заштита, околу 500, односно една третина се на работ на егзистенција. Практично добиваат едвај загарантирана минимална плата за тимот доктор/сестра“, рече Рендевски и најви дека што е можно поскоро ќе изнајдат решение за да бидат докторите и мотивирани и да останат да работат во интерес на пациентите.

Рендевски најави дека ќе се обезбеди минимална загарантирана плата и за докторите и сестрите кои едвај преживуваат со мал број пациенти, за да нема одлевање на медицинскиот кадар, ниту затворање на ординациите што ќе биде на штета на пациентите. Рамномерно ќе се обезбеди загарантирана минимална плата и за ние ПЗУ каде има и поголем број на пациенти, поради што вработени биле и повеќе тимови.

“Заеднички ги разгледавме и одредени казнени мерки на кои се залеа матичните лекари, а се изрекувани од ФЗО, имавме состанок во текот на денешниот ден со менаџментот на Фондот и договоривме во иднина да се гледа за некои помали, навистина административни грешки, казните да не бидат парични, туку да бидат во форма на опомена“, додаде заменик министерот за здравство, Владимир Рендевски.

Од Здружението на приватни лекари се задоволни од средбата. Велат протестот ќе биде прекинат.

„Јас ги изнесов сите наши забелешки. Апелиравме да се формираат веднаш работните групи, а заедно со Лекарската комора апелиравме во секоја работна група да има човек кој ги разбира и има позитивен став кон нашите барања. Очекуваме сето ова што беше кажано да стои, бараме да има континуитет во сите наши договорени барања и оние со претходниот министер за здравство, се со цел да имаме задоволни и мотивирани здравствени работници кои ќе работат за доброто на своите пациенти“, вели Чолакова Дервишова.

Утрово, 50-тина лекари од Приватните здравствени установи излегоа на протест пред подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување во Велес. Останатите матични лекари, кои го поддржија протестот, денеска работеа само со итни пациенти.

На протестот се приклучија и приватните стоматолози.

Лекарите од приватното здравство се жалат на нискиот капитационен бод кој со години не бил покачен и покрај тоа шпто се зголемија трошоците за живот, како и минималната плата која согласно Закон ќе мора да им ја исплаќаат на техничарите и медицинските сестри.

Забелешки имаа и кон Фондот за здравствено осигурување од каде на почетокот на годинава им беа доставени договорни казни за административни пропусти детектирани уште пред пандемијата.

Од ФЗОМ на прашање на НоваТв велат дека од Здружението на приватни лекари не побарале средба за да се пожалат за казните.  Оттаму додаваат дека согласно Договорите склучени со здравствените установи, каде таксативно се наведени и казнените одредби за непочитување на истиот, секој лекар точно знае на што треба да внимава за да не го прекрши договорот. Од ФЗО велат дека во изминатиот период ја олесниле казнената политика кон здравствените установи.

„Во текот на 2019 година врз основа на заеднички преговори со  ЗПРЛМ,  се склучија  анекс на договори со кои беа драстично намалени договорните казни. Воведен е мораториум (мирување/ одлагање ) за изрекување на договорни казни за период од 01.01.2019 до 30.06.2019 година, по барање на надлежните комори и ЗПРЛМ, во текот на 2020 година, Фондот значително ги намали контролите во здравствените установи, со цел да излезе во пресрет на лекарите кои се справуваа со пандемијата со Коронавирусот“, велат за НоваТВ од Фондот за здравствено осигурување.

Додаваат дека зависно од висината на договорната казна, ПЗУ можат плаќањето да го остварат најдоцна до 12 месеци.

(Б.Божиновска)

Владимир Рендевски матични матични лекари Министерство за здравство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.