Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меџити најави кривична за Арсовска: Ова е последен обид на Ахмети за дестабилизација преку општините

0
By Marija Todorovska on May 29, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и денеска и порача на скопската градоначалничка Данела Арсовска да се занимава со своите надлежности. Тој најави и пријава против неа за, како што рече, лажни тврдења во врска со објектот во Чаир пред кој се сликала и го објавила. Меџити овој случај го квалификува како „последен обид и план на Ахмети за дестабилизација преку општините“.

Одговорајќи на новинарски прашања по почетокот на конференцијата за отпад, Меџити во однос на предлозите за министри и нивни заменици повтори дека Владата што побрзо ќе се комплетира зашто „нема време за губење и е посветена на реализација на програмата и проектите“.

Министерот очекува и да се зголемува бројот на пратеници во Вреди, а мисли и дека веќе, како што истакна, е зголемен.

Во врска со локалните избори, информира дека се во тек разговорите, но и се чекаат анкетите од различните агенции за Вреди да ги даде најдобрите и најсоодветните кандидати.

Добро што Данела се појави зашто четири години не сме ја виделе. И кога очекувавме дека ќе каже нешто за ветеното, а несработеното во Чаир и Скопје, таа изигрува инспектор, контролор, но заборава дека јавните претпријатија се пред банкрот и ова е најлошо управување на Скопје откако памти историјата, заедно со ДУИ и Левица, истакна Меџити.

Според него, не треба да се заборави обидот на ДУИ и Али Ахмети за дестабилизиација на државата кој имаше план А, Б, Ц, а последниот беше со Таравари, но пропадна. Сега, дополни Меџити, инструментот е Данела Арсовска за дестабилизиација преку општините.

Најавите беа дека ќе излезе на улица и нема да се врати, но гледаме дека тоа не се случи, бројката на пратеници е во полза на Вреди. Сега Вреди е уште повеќе зајакната. Ова е последниот план на Ахмети, овојпат не преку Таравари и други актери, туку преку Блерим Беџети, шефот на парламентарната група, Левица и инструментот е Данела Арсовска за дестабилизиација преку општините. Ако се работи за дивоградби, нема општина што нема дивоградби. Добро е што Арсовска почна од Чаир, но добро е да ја видиме и во Сарај, во Шутка каде што се нејзините партнери, добро е да каже за синот на шефот на парламентарната група Блерим Беџети кој има 17 години и Договор за интелектуални услуги во ЈП „Комунална хигиена“ каде директор е човек на Блерим Беџети. Не случајно се давиме во ѓубре на ниво на Град Скопје, добро е Данела да се занимава со нејзините надлежности, а не со друго, нагласи министерот.

Тој се осврна и на советниците, обвинувајќи ја ДУИ дека спровела попис кој ги поделил граѓаните на резиденти и нерезиденти.

Немаше да има дилеми ако последниот попис што го организираше ДУИ беше како и сите претходни. Последниот попис ги дели граѓаните на резиденти и нерезиденти и затоа сега, кога се прави Буџет во министерствата за финансии, образование, мора да се почитува тој попис, по резидентно население, резидентни ученици. Ова е последица на пописот што го организираше ДУИ и затоа тие имаат најмалку право да се бунат. Да, се намалува бројот на советници во Гостивар, но расте бројот на советници во Студеничани. Се намалува бројот во Карпош и во други ошпштини, нема етнички предзнак и е последница на политиките на ДУИ, истакна министерот.

Арсовска Ахемти ДУИ Меџити општини пријава Чаир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.