Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓу ѕидовите на слободата – филмска алегорија на денешнината: Како протече снимањето на „Потстанар“ на Марко Ѓоковиќ

0
By Zoran Ivanov on July 13, 2025 КУЛТУРА, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 13, 2025 19:11

Снимачкиот сет дишеше како жива сцена, прецизно синхронизиран тим и актерска енергија што веќе го раскажуваше филмот. Во куќа од Скопје, претворена во филмска илузија, екипата на „Потстанар“ создаде амбиент каде реалноста и фикцијата се судираа на секој кадар.“

Ана Василевска

Во полумракот на една скопска куќа, секој агол беше внимателно моделиран да одекнува со внатрешните состојби на ликовите, сценографија што не само што го надополнуваше расказот, туку го продлабочуваше. Сетот пулсираше со напнатост, како жива ткаенина испреплетена од светло, тишина и тешки погледи. Во тој затворен, скоро клаустрофобичен простор, камерата не само што го снимаше, туку го вдишуваше секој момент.

Неколку простории, трансформирани со впечатливи сценографски решенија, како да беа филмско студио „одметнато од реалноста“, токму таму, во срцето на Скопје, блиску до Водњанска, каде што последниов месец беше централната локација за снимањето на филмот „Потстанар“, во режија на Марко Ѓоковиќ.

Атмосферата на сетот беше вистински наелектризирана. Секој кадар се снимаше со чувство дека дел од финалниот филм веќе се прожектира. Екипата работеше како добро подмачкана машинерија: продукциски прецизно, креативно ослободено, актерски вжештено. Ана Јовановска, Илија Волчевски, Хакан Даци и гостинскиот актер Албан Укај (познат по улогата на Сокол во Lorna’s Silence на браќата Дарден), сите тие заедно оддаваа впечаток на моќна актерска симбиоза што ѝ дава пулс на приказната.

Снимањето траеше од 15 јуни на неколку локации низ главниот град, а последната клапа е закажана за денес. Филмот ја започнува постпродукциската фаза, а впечатоците од сетот веќе ветуваат зрел, модерен и вознемирувачки актуелен филмски израз.

Gallery Image 1

„Потстанар“ е психолошка драма, но и многу повеќе од тоа. Според режисерот Марко Ѓоковиќ, во сржта на филмот е љубовта, онаа меѓу пријатели, меѓу љубовници, љубовта кон животот, кон родителот, и најпосле љубовта кон слободата. Но, таа љубов е ставена под лупа на политичка алегорија, каде насилството, било физичко или психолошко, се јавува како реакција на потиснатата човечка немоќ.

„Филмот се обидува да ги истражи видовите на насилство што нè обликуваат она очигледното, што доаѓа со удар, и она другото, скриеното и подмолното, кое трајно ја изедува психата“, вели Ѓоковиќ.

„Сите ликови во Потстанар се жртви на семејни очекувања, на лични заблуди, на идеолошки стеги. Напуштен син, разгалена ќерка, непоправлив идеалист и ум затворен во стравови сите тие се затвореници во мрежата на сопствените илузии.“

Концептуалната основа на филмот е развиена од Јовица Михајловски, а сценариото го потпишуваат Марко Ѓоковиќ и Симеон Венциславов од Бугарија. Филмот е базиран на драмскиот текст „Владимир“ од словенечкиот автор Матјаж Жупанчиќ и ја следи приказната на тројца пријатели чие заедничко живеење добива темен пресврт кога во нивниот дом се вселува нов цимер — шармантен, но манипулативен, чие вистинско лице полека излегува на површина. Во затворениот простор на живеалиштето, борбата за лична слобода станува неизвесна, а тензијата меѓу ликовите  опиплива.

Во главните улоги се: Ана Јовановска, Илија Волчевски, Хакан Даци и Албан Укај. Во останатата актерска екипа се вклучени: Анастас Тановски, Николина Кујача, Камка Тоциновски, Софија Куновска, Борис Дамовски, Адем Карага, Стефанија Начевска, Мина Јелушиќ, Лазар Христов, Бранко Атанасов и Матеа Јанковска.

Филмот е во продукција на Сектор Филм, во копродукциска соработка со Mir Media Group и Living Pictures од Србија, како и Parangal Film од Црна Гора. Финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, Филмскиот центар на Србија и Филмскиот центар на Црна Гора.

Зад камерата стои директорот на фотографија Александар Крстевски, сценограф е Сашо Блажевски, костимограф Розе Трајческа, а за шминката се погрижи Снежана Ангеловска Живковска. Звукот го снимаше Дејан Михајловски, кастинг директор е Милка Анчевска, додека продуценти се Владимир Анастасов и Ангела Несторовска, со копродуценти Александар Протиќ, Димче Стојановски, Стефан Орландиќ Стојановски и Маја Кецојевиќ.

Режисерот Марко Ѓоковиќ е роден во Скопје во 1984 година. Студирал на Европскиот филмски колеџ во Данска и дипломирал филмска и ТВ режија на ФДУ во Скопје, во класата на проф. Столе Попов. Познат по кратките филмови „Еклер“ (2016), „Луѓе без земја“ (2011) и „Синот“ (2013), Ѓоковиќ и натаму останува доследен на своето авторско истражување на човечката ранливост, границите на идентитетот и моќта на тишината.

Текстот е сопственосѕт на Нулта.мк

марко ѓоковиќ филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.