Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меј: Гласањето за Брегзит ќе се одржи пред 21 јануари

0
By Нова ТВ on December 11, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Британскиот Парламент ќе гласа за договорот за Брегзит на премиерката Тереза Меј пред 21 јануари, соопшти денеска нејзиниот портпарол.

Гласањето требаше да се одржи денеска, но Меј вчера соопшти дека гласањето е одложено и побара дополнителна потврда од ЕУ дека гласањето ќе помине во Парламентот.

Британската премиерка настојува што е можно побрзо да го реши застојот во договорот за Брегзит и од европските лидери да добие потврда која и е потребна пред 21 јануари, рече портпаролот.

Тој исто така додаде дека Меј претходно имала продуктивен состанок со холандскиот премиер Марк Руте со кој се договориле заеднички да ја решат моменталната ситуација.

Меј денеска ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел за да разговараат околу приговорите од британски пратеници против предложениот договор.

Претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер денеска пред Европарламентот во Стразбур изјави дека не постои веќе можност за преразгледување на договорот за излез на Велика Британија од ЕУ.

Тој истакна дека е изненаден од последните случувањата, а тоа се најавите на британската премиерка Тереза Меј дека ќе се обиде да ги предоговори условите.

– На крајот од минатиот месец постигнавме договор со британската Влада. До вечер ќе разговарам со премиерката Меј, нагласи Јункер.

Тој изјави дека постигнатиот договор е најдобриот и единствено можен.

– Нема простор за предоговарање, единствено постои можност за појаснување и толкување, но без преразгледување на текстот. Тоа треба да им биде јасно на сите, додаде претседателот на ЕК.

брегзит гласање ЕУ Меј
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.