Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меј ќе бара од Брисел подобри услови за Брегзит

0
By Нова ТВ on December 13, 2018 ВЕСТИ
Фото: АФП
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 13, 2018 13:28

Британската премиерка Тереза Меј се подготвува денеска во Брисел да побара помош од европските челници за „подобар“ Договор за Брегзит, по бунтот на повеќе од третина нејзини конзервативци, кои со гласањето за недоверба не успеаја да ја остранат, но успејаа да ја ослабнат.

Меј вчера „преживеа“ благодарение на гласови од 200 конзервативци наспроти 117 пратеници кои сакаат да и го видат грбот и тој резултат е далеку од цврста поддршка потребна додека се подготвува на Самитот во Брисел да побара подобри услови за Договорот за Брегзит.

ЕУ во овој момент не е подготвена на Меј да и понуди повеќе бидејќи лидерите во Унијата наведуваат само подготвеност да разгледаат некои други гаранции.

Во обраќањето во средата Меј во седштето на Владата рече дека ќе ги слуша оние кои гласаа против неа и ќе побара законски гаранции за најконтроверзниот дел од договорот – како да се избегне тврда граница меѓу Ирска, членка на ЕУ и британската покраина Северна Ирска.

– Голем број колеги гласаа против мене, и слушнав што имаа да кажат. Сега мораме да продолжиме со работата и да му го испорачаме Брегзит на британскиот народ, рече синоќа Меј.

Европската унија не е подготвена за нови преговори за усогласениот договор, но се подготвени за разгледување можни нови дополнителни гаранциии. Станува збор за најтешко прашање на патот за ратификација на договорот во британскиот Парламент бидејќи тој заштитен механизам така наречен „бекстоп“(backstop) предвидува ЕУ и Британија да бидат „единствена царинска територија“ по истекот на преодниот рок, во случај до тогаш да не се најде договор за слободна трговија.

„Бекстоп “ е вметнат во Договорот за да се спречи повторно воведување физичка граница меѓу Република Ирска и Северна Ирска што може да го загрози мировниот процес во Северна Ирска. Тој е замислен само како „решение за секој случај“.

За заговорниците на „тврд Брегзит“ тоа е најголем камен на сопнување, бидејќи во тој случај на Велика Британија и остануваат врзани рацете за прашањето за склучување Договор за слободна трговија со трети држави, а всушност тоа е еден од главните аргументи во референдумската кампања за напуштање на ЕУ.

Со новиот нацрт челниците на 27 држави ќе порачаат дека заштитниот механизам во врска со границата на ирскиот остров не е пожелен исход и дека единствена цел е да се биде еден вид осигурувач додека нема нов договор за слободна трговија меѓу ЕУ и Британија.

Лондон бара траењето на „бекстоп“ да се ограничи на три години, но во нацрт заклучоците не се споменува никаков рок. Многумина во партијата на Меј стравуваат дека таа ситуација ќе трае неограничено. Тешко е да се очекува дека ЕУ ќе се согласи на каков било рок бидејќи тоа би било противречно и на заштитниот механизам. Дури и ако „бекстоп“ биде активиран „тој би се применувал само привремено, додека не се обезбеди нов договор“ пишува во нацрт заклучоците.

Во ЕУ истакнуваат дека какви било „гаранции“ што може да и помогнат на Меј да го протурка договорот во Парламентиот не смеат да се менуваат или да бидат противречни на самиот договор.

Во понеденикот Меј го откажа гласање во Парламентот за договорот со Брисел по две години преговори. Како нов датум е најавен 21 јануари до кога премиерката треба да ги реши несогласувања поврзани со договорот за брегзит и да добие од ЕУ потребни гаранции.

Рокот за напуштање на ЕУ е 29 март, но противниците во Парламентот одеднаш отворија можност за поинаков исход – заминување без каков било договор, така наречен хаотичен излез или дури и нов референдум за членство во ЕУ.

Брегзит е најважна британска политичка и економска одлука по Втората светска војна. Конечниот исход ќе ја одреди насоката на британската економија вредна 2,8 билиони дали ќе има далекусежни последици на единството во Обдинетото Кралство и ќе одреди дали Лондон сака да го задржи своето место како едно од двете водечки светски финансиски центри.

брегзит ЕУ Меј Самит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.