Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меј: Врските меѓу Македонија и Британија се посилни од било кога

21
By Нова ТВ on May 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 17, 2018 00:03

За време на посетата на Македонија, британската премиерка  Тереза ​​Мај ќе ја нагласи безусловната заложба на Обединетото Кралство за безбедност на Европа и почитување на европските вредности – пишува во соопштението кое го објави Владата на Британија, пред денешното пристигнување на Меј на земјава. Ова е прва посета на Западен Балкан  на британски премиер по речиси цели 20 години.

Во соопштението, се пренесува и изјава на британската премиерка:

„Оваа година кога одбележуваме 25-години од дипломатските односи меѓу Македонија и Велика Британија, врските меѓу нашите земји се посилни од кога и да е.

Следната година Велика Британија ја напушта Европската унија, но не ја напуштаме Европа – и ние ќе продолжиме да работиме со нашите сојузници за да ја заштитиме нашата колективна безбедност и да ги подржиме европските вредности што ги делиме со  Македонија и поширокиот дел од Западен Балкан.

Со нетрпение очекувам да слушнам од премиерот Заев  за напредокот на земјата кон попрогресивна, попросперитетна и демократска Македонија“ вели Меј пред денешната посета на земјава.

Во соопштението уште се додава дека Меј утрината ќе приствува  во Софија на Самитот на Западен Балкан – ЕУ, каде што ќе ја повтори желбата на Велика Британија да соработува со европските сојузници за промовирање поголема стабилност, безбедност и просперитет во регионот.На самитот ќе се разговара за следните чекори кои ќе треба да се преземат за да им се  помогне на земјите од Западниот Балкан да продолжат по патот на стабилност, ослободен од конфликти и малигни влијание и способен да се справи со сопствените проблеми. За време на посетата на Македонија, Тереза ​​Мај  ќе се сретне со премиерот Заев за да разговара за реформите што неговата Влада ги презема за зајакнување на демократијата, владеење на правото како и за напредокот во преговорите со Грција за прашањето за името, пишува во соопштението.

На Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата британската премиерка ќе се сретне со активистите на ЛГБТ за да ги слушне нивните искуства.

Премиерката  посетата ќе ја заврши со обраќање на  прием во Парламентот, на кој ќе присуствуваат политичари и други официјални претставници. Велика Британија ќе биде домаќин на Самитот за Западен Балкан на 10-ти јули во Лондон.  Фокусот на овој Самит ќе биде ставен  на зајакнување на регионалната безбедносна соработка; зголемување на економската стабилност; и поттикнување на поголема политичка соработка. Ова ќе биде петтиот годишен самит како дел од Берлинскиот процес што канцеларката Меркел го започна во 2014 година.

безбедност Британска премиерка Меј Заев посета на Македонија реформи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.