Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мемети ќе бара Владата да ги спроведе мерките предложени во Собрание

0
By Нова ТВ on November 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Народниот правобранител денеска излезе на прес-конференција, разочаран од тоа што Собранието не ги изгласа мерките за подобрување на човековите права кои потоа требаше да ја задолжат Владата да работи по нив.

„Собранието требаше да утврди мерки за определување и спроведување на мерките од извештајот на Народниот правобранител, а Владата според новиот закон, требаше после шест месеци да даде отчет пред Собранието, колку и во која мера се испочитувани мерките. За жал пратениците не успеаја“, рече Мемети.

Тој рече дека ќе побара од Владата да ги стави мерките на седница и да ги задолжи државните органи да ја поправат состојбата.

„По шест месеци ќе барам да ме информира Владата до каде е остварувањето на мерките кои што се предложени“, Мемети, револтиран што вчера иако имало, како што рече, над 61 пратеник присутни во собраниската сала, извештајот за состојбата со човековите права и слободи и пакетот мерки за нивно подобрување пратениците не го изгласаа.

Тој рече дека токму Собранието е тоа кое што треба да му биде најголема потпора на Омбудсманот за да ги подобруваат ситуациите во општеството и да бидат гарантори дека Владата работи според нивните препораки.

Народен правобранител: 1.523 повреди на човековите слободи и слободи

Мемети наведе неколку мерки, а меѓу нив бара да се избришат гумените куршуми и електричниот парализатор како средства за присилба што ги користи полицијата.

Од областа на судството, побарал на Управниот суд да му се помогне да одлучува полесно и побрзо.

Народниот правобранител, меѓу другото, исто така побарал извршителите да не смеат да блокираат трансакциски сметки во банка, додека за затворите бара да се подобрат условите, да се подобри безбедноста во затворите и да се подобрат здравствените услови.

Иџет Мемети Народен правобранител Собрание човекови права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.