Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мемети: Условите во казнено-поправните установи се под секое ниво

0
By Нова ТВ on July 18, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 18, 2017 15:35

Кревети без душеци, 80 лица сместени во две простории и за сите овие луѓе само еден тоалет во кој освен што ги извршуваат физиолошките потреби, тука ги чуваат и садовите во кои се служи храната. Условите во затворот Идризово се под секое човечко достоинство, а патем во затворот владее корупцијата. Може да се купат кревети, мобилни телефони, други подобности, па дури и дрога. Ова денеска на прес-конференција го кажа Народниот правобранител Иџет Мемети, презентирајќи го годишниот извештај.

„Во приемното одделение во Идризово спијат 80 лица. Сите користат еден тоалет, а повеќето спијат на картони и душеци на подот. Приборот за јадење го чуваат во единствениот тоалет. На нашето прашање, зошто само таму го чуваат приборот за јадење, ни одговорија дека само таму имале вода. Во Идризово се сместени вкупно 1966 лица, што е два пати повеќе од капацитетот на установата. Условите во оваа институција се под сите стандарди и го погазуваат човековото достоинство“, рече Мемети.

Ѕидовите во ова одделение биле со мувла, влага, покривот прокиснувал, а прозорците биле скршени. Во ова одделение лицата се задржувале повеќе од два месеца, освен оние што можеле да платат. Нив порано ги префрлале.

Правобранителот рече дека полошо од приемното одделение, било амбулантното одделение.

„Болните имаат избор, можат или да спијат на под или на кревет од пружина без душеци. Хигиената е на екстремно ниско ниво, храната е неквалитетна со лош квалитет и е недоволна.  Да не се роднините и пријателите кои им носат храна, овие лица ќе бидат гладни“, рече Мемети.

Народниот правобранител рече исто лоша е и состојбата во женското одделение во Идризово. Тој рече дека по сите разговори и препораки кои ги направил лани, годинава состојбата била во уште полоша состојба. Според последниот извештај на правобранителот евидентиран е и тренд на регрутација на нови корисници на дроги.

Хигиената и стандардите се под секое ниво и во заводот Демир Капија. Штитениците спијат на речиси распаднати кревети.

„Проверка направивме и во 8 полициски станици, само 1 ги исполнуваше минималните стандарди. Во некои дури можеше да се најдат предмети кои можат да им наштетат на лицата“, рече Мемети.

Во овој извештај се направени вкупно 50 посети од кои 4 во казнено поправни установи, 8 во полициски станици, 1 во заводот во Демир Капија и 37 во центрите за згрижување бегалци.

Посетите ги правеле лица ангажирани со договор на дело, затоа што Македонија немала Национален превентивен механизам. Ангажирани биле криминолози, психолог и психијатар, правници, социјални работници и медицинска сестра.

Затвор Идризово Иџет Мемети Народен правобранител
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.