Алан Пардју е минато за Кристал палас. Премиерлигашот ја раскина соработката со менаџерот поради, како што стои во образложението на таквата одлука, слаби резултати на екипата од Лондон.
Претседателот на клубот, Стив Периш се заблагодари на Пардју за стореното за клубот и како фудбалер и како тренер во изминатиот период. Тој дојде на „Селхрст парк“ пред две години од Њукасл, го предводеше Кристал палас до финале во ФА купот и четврта сезона во низа е дел од премиерлигашката конкуренција.
Кристал палас во моментот има само 15 бода, се наоѓа на 17 место на табелата, едно над зоната за преселба во понизок ранг и во наредното коло ќе гостува кај Вотфорд.