Лидерот на ДПА Мендух Тачи најави на Фејсбук дека дава оставка од претседателската функција.
Тој најавува исто така дека до Конгресот на партијата координатор на партијата ќе биде Азем Садику кој сега е генерален секретар на ДПА.
Тачи додава дека и понатаму ќе и остане верен војник на партијата.
“Драги пријатели, само што дадов неотповиклива оставка од функцијата претседател на Демократската партија на Албанците. Со ДПА ќе продолжи да управува управениот совет до вонредниот конгрес, а датумот на неговото одржување дополнително ќе биде објавен. Координатор на сите активности ќе биде Азем Садику, додека јас останувам посветен на партијата”, вели Тачи во неговиот статус на Фејсбук.