Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мерц: ЕУ е алтернатива на автократијата – формираме свет на големите

0
By Zoran Ivanov on February 1, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ
epa12084192 German Chancellor Friedrich Merz reacts during an event of the German parliament to commemorate the 80th anniversary of the end of WWII in Europe, in Berlin, Germany, 08 May 2025. World War II in Europe ended with the unconditional surrender of Nazi Germany on all fronts on 08 May. EPA-EFE/FILIP SINGER
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 1, 2026 19:43

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја поздрави Европската Унија како алтернатива на империјализмот и автократијата која може да склучува договори со истомислечки партнери во свет каде што расте соперништвото на големите сили.

Во своето вчерашно обраќање во германскиот парламент Бундестаг, Мерц ја нагласи вредноста на НАТО, во кое, како што рече, Европа ќе ја зајакне својата одбрана и додаде дека секогаш ќе бара соработка со Соединетите Американски Држави, но не како „потчинета“.

Тој им се придружи на другите европски лидери во отфрлањето на тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека неамериканските трупи во составот на НАТО ја избегнувале линијата на фронтот за време на војната во Авганистан.

Мерц зборуваше во германскиот парламент за надворешната политика една недела откако Трамп ја повлече својата закана за воведување нови тарифи за Германија и седум други европски земји кои се спротивставија на неговите најавени намери за преземање на Гренланд, полуавтономна територија на Данска, сојузник во НАТО и членка на ЕУ.

Во последните неколку недели гледаме сè појасно дека почнува да се формира свет на големи сили. И во овој свет дува остар ветер, ќе го почувствуваме тоа во догледна иднина, кажа Мерц.

Тој истакна дека ова отвора можности и за Европа, кога демократиите со отворени и растечки пазари ќе го бараат она што Европа има да им го понуди, односно „партнерства засновани на меѓусебно почитување, доверба и сигурност“.

Не треба да потценуваме колку може да биде привлечен европскиот модел за нови партнери и нови сојузи. Ние сме исто така нормативна алтернатива на империјализмот и автократијата во светот, им кажа Мерц на пратениците.

Германскиот канцелар ја нагласи вредноста на единството во понекогаш поделената Европска унија од 27 членки и кажа дека блокот минатата недела покажа дека може да дејствува брзо.

Се согласивме дека нема повторно да бидеме заплашени со закани за царини, порача Мерц.

Тој истакна дека „Европа исто така треба да го научи јазикот на политичката сила“ за да се наметне во светот што се менува, на пример со преземање поголема одговорност за безбедноста, со стремеж кон постигнување поголема „технолошка независност“ и со поттикнување на својот економски раст.

Мерц е силен заговарач на тоа ЕУ да склучи повеќе трговски договори, вклучувајќи го оној  со јужноамериканскиот Меркосур и другиот склучен оваа недела со Индија.

Мерц кажа дека за Европската Унија и на него му е јасно дека, додека бара нови сојузи, не треба „небрежно да ги загрозува постоечките сојузи“, додавајќи дека „трансатлантската доверба е вредност сама по себе дури и денес“.

Тој кажа дека Европејците сакаат да го зачуваат НАТО и да го зајакнат и дека секогаш ќе им подадат рака на соработка на Соединетите Американски Држави.

Во исто време, основата на овој водечки принцип останува… како демократија ние сме партнери и сојузници, а не потчинети, додаде Мерц.

Тој посочи дека 59 германски војници загинале во Авганистан во текот на речиси 20 години додека биле распоредени во таа земја и дека повеќе од 100 биле ранети.

Нема да дозволиме ова распоредување на војници, кое го извршивме и во интерес на нашиот сојузник Соединетите Американски Држави, денес да биде омаловажено и понижено, порача Мерц.

Тој не го спомна директно интервјуто на Трамп од минатата недела во кое американскиот претседател кажа дека не е сигурен дека другите земји членки на НАТО ќе бидат таму за да ги поддржат САД доколку тие го побараат тоа и дека војниците на тие земји се држеле подалеку од линијата на фронтот во Авганистан.

 

Европа мерз Силна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.