Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мерц: Украина можеби ќе мора да отстапи територија за патот кон ЕУ

0
By Zoran Ivanov on April 27, 2026 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 27, 2026 16:29

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, денеска изјави дека Украина во евентуален иден мировен договор со Русија би можела да биде принудена да прифати губење на контрола врз дел од својата територија, директно поврзувајќи ги таквите отстапки со нејзините изгледи за членство во Европската унија.

Во еден момент Украина ќе потпише договор за прекин на огнот, а се надеваме и мировен договор со Русија. Тогаш би можело да се случи дел од украинската територија повеќе да не биде украинска, изјави Мерц за време на разговор со ученици во германскиот град Марсберг.

Ако претседателот Зеленски сака тоа да му го претстави на својот народ и да добие поддршка од мнозинството, и ако за тоа треба да се одржи референдум, тогаш истовремено мора да му порача на народот: ‘Ви го отворив патот кон Европа, додаде тој.

Мерц, сепак, предупреди дека брз влез на Украина во ЕУ не е реален, истакнувајќи дека земјата не може да стане членка додека е во војна и додека не ги исполни строгите критериуми, особено во делот на владеење на правото и борба против корупцијата.

Идејата на Зеленски за влез во ЕУ на 1. јануари 2027 година нема да се оствари. Дури ни 1. јануари 2028 не е реален датум, рече Мерц.

Како преодно решение, тој предложи Украина да добие набљудувачка улога во институциите на ЕУ, додавајќи дека за таа идеја добил широка поддршка од европските лидери на самитот на Кипар.

Во меѓувреме, Европската унија ѝ одобри на Украина заем од 90 милијарди евра, со што се покрива најголем дел од нејзините финансиски потреби до крајот на 2027 година, пренесе „Ројтерс“.

 

Мерц отсапи територија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.