Германските политичари направија чекор напред во разговорите околу формирање на нова коалициска влада, при што разговорите траеја повеќе од 24 часа и се разработи документација од 28 страни.
Планот за формални преговори беше договорен меѓу ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел и нивните поранешни коалициски партнери, Социјалдемократите (СПД).
Тие планираат да ги ограничат пристигнувањата на азиланти на околу 200.000 годишно. Планот, исто така, предвидува и ограничување од влез на 1.000 мигранти месечно на кои ќе им биде дозволено да се приклучат на своите семејства кои веќе живеат во Германија.
Меркел и лидерот на СПД, Мартин Шулц, на прес-конференцијата изјавија дека се оптимисти дека може да се формира нова “голема коалиција”.
Тие сигнализираа дека посилен сојуз со Франција во ЕУ ќе биде приоритет.
Двајцата истакнаа дека обезбедувањето на “социјалната кохезија” на Германија е приоритет.
Изборите покажаа дека екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) освои 94 места во Парламентот.
Централнодесничарската ЦДУ и нејзиниот сојузник на баварската ЦСУ не беа во можност да формираат влада по изборите во септември.
И ЦДУ и СПД ги постигнаа најлошите изборни резултати повеќе од 50 години.