Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меркел: Влезот во НАТО и ЕУ е возможен, само ако успее референдумот

5
By Соња Петрушевска on September 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Референдумот е шанса да се отворат вратите и вие да станете дел од европското семејство. Вие сте поканети да станете членка на НАТО и имате можност да пристапите во ЕУ, но предусловот е да се има успешен референдум на 30 септември порача германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес конференција со премиерот Заев по средбата во Владата која траеше еден час.

Меркел е прва германска канцеларка која ја посетува Македонија изминативе 27 години, и тоа на денот кога се  одбележува 8 септември – денот на независноста и во пресрет на референдумот за Договорот со Грција што треба да се одржи на 30 септември. „Посетата е  охрабрување дека големите сили го подржуваат исполнувањето на Договорот со Грција и дека Договорот ја гарантира европската иднина и нашето место во ЕУ и НАТО. Охрабрени сме да го направиме историскиот исчекор“ рече Заев.

Меркел нагласи дека референдумот е шанса која една генерација ја има само еднаш во животот. Таа ги повика граѓаните на 30 септември да не седат дома.

„Овој референдум е историска шанса и не останувајте дома на ваков историски ден, излезете и кажете што мислите за иднината на вашата земја. 30 септември е клучен ден за иднината на вашата земја“ рече Меркел.

Одговарајќи на новинарско прашање, зошто Македонија би останала изолирана доколку не успее рефрендумот, Меркел рече дека прашањето за името и члентвото во ЕУ  и НАТО се многу поврзани.

„Без решение за спорот за името, нема членство во НАТО и ЕУ,  затоа што сите земји членки треба да гласаат,а ако прашањето не е решено нема да гласаат. Влезот во НАТО и ЕУ е возможен само ако успее референдумот и тоа не е закана, туку природна состојба, бидејќи сите членки на двете организации мораат да гласаат за прием на нов член.Важно е оваа поврзаност да биде јасна и тука нема никаква закана. На 30 септември луѓето ке гласаат дали ке се отвори вратата за да станат дел од семејството  на НАТО  и ЕУ и тоа бара прифаќање на Договорот со Грција. Ако референдумот е успешен, ќе станете членка на НАТО и на европското семејство“ кажа Меркел.

Меркел се залага да има што поголем одзив на рефeрендумот и рече дека „ сега не се занимаваме со тоа што ако не успее, туку се залагаме референдумот да биде успешен“.

Премиерот Заев верува дека посетата на Меркел ќе ги охрабри граѓаните да го направат „историскиот исчекор.

Меркел нема да се сретна со претседателот Иванов, а на  претседателот на опозицијата Христијан Мицкоски ќе му порача дека „во една демократија за клучните прашања има заедничка, национална одговорност“.

Сојузна Република Германија е трговски партнер број 1 на Македонија – дури  47 проценти од вкупниот извоз оди кон Германија, а трговската размена е 3,5 милијарди евра. Меркел рече дека германската Влада и таа лично се залагаат за интензивирање на односите со Македонија и затоа Германија ќе испрати економски советник во Владата на Заев кој треба да помогне во реформите и ќе вложи 2,5 милиони евра за стручното образование во земјава.

 

 

 

Заев Меркел референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.