Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мета: Албанија е последна во Европа според бројот на лекари по глава на жител

0
By НОВА ТВ Terziova on May 8, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Албанскиот претседател, Илир Мета, во реакција на Фејсбук наведува дека Европската фондација за квалификувани човечки ресурси ја рангира Албанија како последна земја во Европа според бројот на лекари по глава на жител, додавајќи дека тоа е драматичен показател за земјата.

-Европската фондација за квалификувани човечки ресурси ја рангира Албанија како последна земја во Европа според бројот на лекари по глава на жител. Драматичен и алармантен показател за влошување на услугите, но и за здравствената состојба на населението. Ова е последица на непроценливите шт ти предизвикани од концесионалната и корумпирана медицина, која им ги затвори можностите за кариера и професионални патишта на илјадници млади лекари и медицински сестри, кои беа принудени да ја напуштат Албанија и да работат во германските клиники и болници и Европа, пишува Мета.

Затоа, додава тој, земјата е рангирана меѓу првите на континентот по високиот број на смртни случаи, како последица од Ковид-19, во однос на населението, што е последица на „алармантните недостатоци во квалификуван персонал и здравствена опрема, што влијаеше на погрешната стратегија во откривањето, превенцијата и соодветното лекување“.

Не се сомнева дека земјата може да биде рангирана и според зачестеноста на појави на системски и хронични заболувања, кога лекарот е платен 20-пати помалку од „владиниот телал, кој секоја вечер излегува на ТВ и е платен како директор за маркетинг во болница“.

-Заминувањето на лекарите и медицинските сестри мора да се запре, а тоа ќе се случи само кога ќе се разбие заробениот систем од рацете на неколку олигарси, кои го држат во заложништво здравјето на народот, но и кариерата и иднината на здравствените работници. Време е да се запре оваа пустош програмирана од „Преродбата“ (изборно мото на владејачката Социјалистичка партија), оценува Мета.

Според податоците на здруженијата на лекари и медицински сестри, кои веруваат дека бројката е поголема, во последната деценија земјата ја напуштиле околу пет илјади лекари од општа пракса, но и специјалисти по одредена медицинска гранка и двојно повеќе медицински сестри и друг средномедицински кадар.

Албанија Илир Мета лекари регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.