Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Метанот – решение за автобуси и тешки дизел-возила

0
By Нова ТВ on May 14, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Производителите на метански уреди за возила нудат конвертирање на дизел-возилата со што се овозможува нивен погон на смеша од дизел и метан. На тој начин дизел-возилата стануваат значително поекономични и, што е уште поважно, поеколошки.

„Според производителите со инсталирање на DDF систем дизел + метан на конвенционално
дизел-возило се добива до 12 процента намалена емисија на CO2 гасови, до 40 проценти
помала емисија на ПМ честички и до 22 процента заштеда на трошоци за гориво“, се наведува во соопштението на „Макпетрол“.

Пренамената на комбиња и товарни возила на дизел + метан, велат од компанијата, не ги намалува перформансите на возилото и е погодно за приватни и за службени возила. Во дописот се укажува дека кај комбињата со тежина до 3,5 тони замената на дизел-горивото е 50 проценти, додека кај средно тешките до 10 тони и тешките товарни возила над 10 тони замената на дизел-горивото изнесува 45 проценти.

Од „Макпетрол“ препорачуваат дека со конвертирање на DDF системот на конвенционално дизел- озило и, истовремено, со користење на биодизел и биометан значително може да се намали емисијата на штетни гасови од секојдневната употреба на возилото со ниска и брза инвестиција.

Како пример се посочува Јавното транспортно претпријатие на Виена кое од 60. години на минатиот век работи на приспособување на флотата автобуси на течен нафтен гас како алтернативно гориво.

„Моментално сите автобуси на претпријатието „Wiener Linien“ се целосно на гас. Во 2005 година компанијата МАН во соработка со „Wiener Linien“ разви и претстави нова генерација на мотор со течен нафтен гас со емисија на штетни гасови што е за 50 проценти под еуро 5 стандардот, што е на сила од 2008 година. Истовремено, со новиот мотор е намалена потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 во споредба со постарите мотори, а, притоа, е постигнато и намалување на бучавата. За ваквите вложувања компанијата е добитник на наградата за животна средина од градот Виена во 2006 година“, велат од македонскиот нафтен гигант.

Град Скопје веќе набави 33 нови нископодни автобуси на гас метан од германскиот производител МАН со еуро 6 стандард. Според постигнатата цена на тендерот еден единечен автобус чини 263.000 евра, а зглобните автобуси по 334.000 евра. Според најавите на градските власти со новите еколошки автобуси годишно ќе се прави заштеда од 25.000 евра за гориво и ќе испуштаат 0,04 грама на километар ПМ честички, што е и до 90 проценти помалку загадување.

„Според податоците на Државниот завод за статистика во 2018 година, на нашите патишта имало 3.201 автобус, од кои 3.006 биле на нафта, а само 40 користеле бензин – гас. На патиштата во Европската Унија имало околу 770.000 автобуси, од кои 30 проценти биле во Полска и во Италија. Просечната старост на автобусите во Европската Унија била 11,4 години. Најнови автобуси има Австрија со просечна старост од 5,4 години, а најстари автобуси има Грција со просечна старост од 20,4 години. На нашите патишта во 2018 година според Државниот завод за статистика имало 3.200 автобуси со просечна старост од 18,7 години. Од нив, над 81 процент биле постари од 10 години“, стои во соопштението на „Макпетрол“.

автобуси Макпетрол Метан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.