Времето во земјата денеска ќе биде променливо облачно, со врнежи од дожд во попладневните часови, претежно во западните делови, што во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и ќе се интензивираат. Во утринските часови појава на магла има во скопската и струмичката котлина. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер, а во текот на ноќта и врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 19 степени. Од понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а од вторник попладне и во следните денови ќе има нови врнежи од дожд.