Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, а локално во форма на невреме со засилен ветар и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степен, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. УВ индексот ќе биде 7.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветар, особено до пладневните часови. Минималната температура ќе се спушти до 19 степени, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Од недела до вторник стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Во среда повторно се очекува појава на локален пороен дожд и грмежи.