Времето денеска ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Врнежите најдолго ќе се задржат и ќе бидат пообилни во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието.
Поради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветар. Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат, а во источните делови облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе достигне од -2 до 5 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се намалува. Максималната температура во главниот град ќе достигне 2 степена.