Времето во земјава денеска претпладне ќе биде претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен, а попладне слаб ветар од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од еден до седум степени, а максималната ќе достигне од седум до 10 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно. Минималната температура ќе се спушти до три, а максималната ќе достигне 10 степени.
Во следните денови ќе се задржи претежно облачно време. Под влијание на влажен бран од петок ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните делови, каде на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег.
Од четврток ќе дува умерен до засилен ветар од јужен правец, што за време на викендот ќе услови нешто повисоки дневни температури.