Денеска во земјава ќе преовладува облачно и ветровито време. Во утринските часови ќе има магла по одделни котлини, а преку ден во западните и југозападните делови ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени, а максималната од 13 до 18 степени.
Во Скопје, наутро со појава на магла и ниска облачност, а преку денот со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне 15 степени.
Во следните денови, во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а преку ден ќе преовладува сончево време со променлива облачност. Појава на слаб локален дожд се очекува во четврток.