Времето денеска претпладне ќе биде сончево, со мала до умерена облачност што ќе се зголемува во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветар, претпладне од северозападен, а попладне од југозападен правец. Во вечерните и во ноќните часови во западните подрачја ќе започнат врнежи од снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност која попладне ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветар претежно југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Под влијание на влажен бран во вечерните и во ноќните часови во западните делови од земјава ќе започнат врнежи од дожд и снег, кои ќе продолжат и утре и ќе се прошират насекаде. На повеќе места, особено во западниот дел, ќе се формира нова снежна покривка. Локални врнежи од снег ќе има и во среда претпладне претежно во југоисточните делови од земјата.