Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Претпладне, вдолж Повардарието, ќе има значителна ниска облачност, која попладне ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветар од југоисточен правец, информираат од УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени, а максималната од 17 до 23 степени.
Во Скопје, претпладне ќе има слаба магла и ниска облачност, а попладне ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветар од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8 степени, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во претпладневните часови, особено вдолж Повардарието, ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Од вторник ќе дува умерен северозападен ветар што ќе предизвика опаѓање на температурите.